Цитрусни овошја

Автор: Марија Смокварска

Овошките како лимон, портокал, мандарина, грејпфрут се само дел од групата цитрусни овошја. Се смета дека потекнуваат од Југоисточна Азија, но денес се култивираат секаде каде што е застапена топлата клима. Овие растенија растат како големи грмушки или мали дрвја, високи 5-15 метри со боцкави стебла. Се карактеризираат со иста градба како и другите растенија, меѓутоа се значајни по нивната арома која делумно доаѓа од содржината на флавоноиди и терпеноиди кои се наоѓаат во кората од плодот. Нивниот сок содржи висока количина на лимонска киселина која го дава нивниот остар вкус.Цитрусни овошјаКако што знаеме, тие се најголем извор на Витамин Ц. Нивните плодови се јадат свежи, се користат за ублажување на болката при каснување од пчела и да не заборавиме, нашите мајки ни ги даваат за подобрување на имунитетот во зимските периоди. Еве неколку главни карактеристики на некои од претставниците на цитрусните овошја.
.

Лимон:Цитрусни овошја

  • Неговото дрво расте до 6 метри.
  • Лимоновиот сок содржи најголема количина на детоксикативни материи од сите други овошја.
  • Содржи 40 милиграми на Витамин Ц што е за 2/3 повеќе од човечката дневна потреба.
  • Лимонот има 15 калории.
  • Во Малезија се верува дека лимоновиот сок е оружје против злите духови.

.
Портокал:Цитрусни овошја

  • Портокаловото дрво расте 8-15 метри.
  • Потекнува од Индо-Кина.
  • Портокаловата боја на ова овошје произлегува од нивното изложување на пониски температури. Во тропските области портокалите имаат зелена боја со неколку жолти дамки.
  • Портокалот има 59 калории.
  • Калциумот во портокалот е подобро впиен, отколку калциумот во млекото. На пример, чаша млеко има 291 милиграми калциум од кој во човечкото тело се впива само 31%, додека, сок од портокал има 350 милиграми од кои се впиваат 37%. Чудно, нели?

.
Мандарина:Цитрусни овошја

  • Мандариновото дрво е високо 7.5 метри.
  • Мандарината го добила своето има бидејќи била експлоатирана од страна на високи државни функционери во Кина (мандарини).
  • Мандарината има 47 калории.
  • Во древната кинеска медицина, се користи исушена кора од мандарина за подобрување на работата на дигестивниот систем.
  • Мандарината покрај Витаминот Ц, содржи и калиум, магнезиум и Витамините Б1, Б2 и Б3.

.
Зелен лимон:Цитрусни овошја

  • Неговото дрво расте до 5 метри.
  • Зелените лимони, најчесто се култивирани во земјите со тропска клима и се многу покисели од обичните лимони.
  • Кората на зелениот лимон е значаен дел од мексиканската, виетнамската и тајландската кујна.
  • Маслото од ова овошје се користи во парфимеријата и во процесите со ароматерапија.
  • Содржи 47 калории.

.
Цитрон:

  • Дрвото на цитронот расте до 15 метри.
  • Во фамилијата на цитрони спаѓаат неколку подвидови како на пример:
Цитрусни овошја

Бел цитрон

Цитрусни овошја

Црвен цитрон

Цитрусни овошја

Помело

Цитрусни овошја

Минеола

  • Цитронот содржи 30 калории.
  • Мармаладот од цитрон има одличен вкус и се смета за специјалитет.

Цитрусни овошја.

Клементина:Цитрусни овошја

  • Ова овошје се нарекува и мандарина без семка.
  • Неговото добивање се должи на отецот Клемент Родиер од Ангола.
  • Клементината е хибрид од портокал и мандарина.
За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар