Цитати за духовниот живот од Херман Хесе

Херман Хесе е германски писател и поет кој во сите свои дела зборува за спиритуалниот живот, за потрагата по себе и за себеспознавањето. Во нив комбинира автобиографски елементи со психоанализа и агностицизам, алатки кои му помогнале во неговиот духовен пат. Следните неколку цитати се извадени од неговата литература и ако ви се допаѓа нешто во овој стил, сигурно ќе ве натераат наскоро да прочитате нешто од него.

Цитати за духовниот живот од Херман Хесе

 

„Ако мразиш некоја личност, мразиш нешто во неа што е и дел од тебе. Она што не е дел од нас не ни пречи.“

„Јас живеам во моите соништа, тоа е она што се чувствува. И други луѓе живеат во соништа, но не во своите. Во тоа е разликата.“

„Мораш да го откриеш својот сон… но ниеден сон не трае вечно, после секој сон доаѓа друг и затоа не треба премногу да се држиш само до еден.“

„Нема друга реалност освен онаа која е содржана во нас. Затоа толку многу луѓе живеат нереален живот. Тие гo прифаќаат она што го гледаат надвор од нив како реалност и никогаш не му дозволуваат на светот во нив да излезе на површина.“

„Вишата сила е во тебе, а не во идеите и книгите. Вистината се живее, не се учи.“

„Мудроста не се пренесува. Кога мудар човек се обидува да ја пренесе својата мудрост, тоа секогаш звучи глупаво. Знаењето се пренесува, но не и мудроста. Таа се пронаоѓа, се живее, се прават чуда со неа, но не се пренесува и не се учи.“

„Кога некој бара нешто, многу лесно се случува да го гледа само она што го бара. Тогаш не може да пронајде ништо, ниту да прими ништо, затоа што е опседнат со својата цел. Барањето значи да имаш цел, но пронаоѓањето значи да бидеш слободен, отворен за искуства и да немаш цел.“

„Човек може никогаш да не го пронајде својот дом, но кога ќе ти се спојат патиштата со пријател, тогаш целиот свет ти изгледа како дом, барем некое време.“

„Умот е меѓународен и наднароден. Тој не служи за војна и уништување, туку за мир и помирување.“

„Љубовта не постои за да нè направи среќни. Верувам дека постои за да ни покаже колку можеме да издржиме.“

„Научи го тоа што сериозно вреди и насмеј се на останатото.“

„Да го сопреме јазикот кога сите озборуваат, да се смееме без зло на луѓето и институциите, да надоместиме за недостатокот на љубов на овој свет со повеќе љубов во малите и лични прилики, да имаме верба во она што го работиме, да покажеме повеќе трпение, да ја надминеме онаа евтина одмазда која произлегува од потсмевот и критицизмот… ова се работи кои имаме способност да ги направиме.“

„Кога некој ти се допаѓа, го сакаш и покрај неговите мани. Кога љубиш некого, го сакаш сосе неговите мани.“

„Младоста завршува истовремено со себичноста. Зрелоста започнува кога човек ќе почне да живее за другите.“

„Твојата душа е целиот свет.“

„Среќата е ‘како’, а не ‘што’. Таа е способност, а не предмет.“

„За првпат во мојот живот ја вкусив смртта, и беше горчлива. Затоа што смртта е раѓање, страв од некоја ужасна преродба.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар