Неверојатни цитати од прекрасниот Пабло Неруда

За големината на Пабло Неруда најмногу говорат неговите стихови. Овие многубројни песни можеме да ги сретнеме во најразлични стилови, меѓу кои се и љубовните и надреалистичките. Како добитник на Нобеловата награда за литература во 1971 година, Пабло Неруда се смета за најголемиот поет од дваесеттиот век. Токму затоа и денес решивме да ви одвоиме дел од неговите моќни и безвремени цитати.

„Можете да ги исечете сите цвеќиња, но не можете да го спречите доаѓањето на пролетта.“

„Но, ги сакам твоите стапала само затоа што тие чекореа по земјата, низ ветерот и низ водите, сè додека не ме пронајдоа.“

„Те сакам без да знам како, или кога, или од каде. Те сакам едноставно, без проблеми или гордост: Те сакам на овој начин бидејќи не знам на друг начин да сакам освен на овој, каде што нема јас или ти, толку интимно што твојата рака на моите гради е моја рака, толку интимно што кога заспивам твоите очи се затвораат.“

„Некогаш, некаде – каде било, непогрешливо, ќе се пронајдете себеси и тогаш, и само тогаш, може да биде најсреќниот или најгорчливиот час од вашиот живот.“

„ Повеќе не сум заљубен во неа, тоа е сигурно, но можеби сепак ја сакам. Љубовта е толку кратка, а заборавот толку долг.“

„Навечер, љубов моја, врзи го твоето срце за моето, па двете заедно во нивните соништа ќе ја поразат темнината.“

„Тој што нема ништо, кажано е многупати, нема што да изгуби освен своите окови.“

„Од тага до тага, љубовта ги поминува своите острови и воспоставува корени коишто се наводнуваат со плачењето.“

„Земи леб од мене, ако сакаш, земи ми воздухот, но не одземај ми ја твојата насмевка.

„Со еден бакнеж ќе знаеш сè што не сум кажал.“

„Не постои поширок простор од оној на тагата.“


За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар