Цитати од легендарниот Џими Хендрикс

Легендарниот гитарист Џејмс Маршал “Џими” Хендрикс до ден-денес е огромна инспирација за музичарите. Неговите неверојатни способности и извонредни перформанси на сцената, неколку пати досега му го резервираа местото најдобар гитарист во историјата на рокот. Меѓу најпознатите настапи на музичкиот гениј е свирењето гитара со заби.

Хендрикс прерано замина во легендите. Почина на 27 години, најверојатно од предозирање со апчиња за спиење, но за причините за неговата смрт сè уште се шпекулира. Еве неколку цитати кои ќе ви го доловат неговиот поглед кон животот и музиката…

Цитати од Џими Хендрикс - најдобриот гитарист на сите времиња

„Музиката е мојата религија.“

„Блузот е лесен за свирење, но тешко е да го почувствуваш.“

„Толку добро ме имитираа луѓето, што дури и ги копираа моите грешки.“

„Знаењето зборува, но мудроста слуша.“

„Кога силата на љубовта ќе ја надмине љубовта кон силата, тогаш светот ќе го запознае мирот.“

„Ќе фрлам клетва врз тебе и сите твои деца ќе се родат скроз голи.“

„Музиката не лаже. Ако постои нешто што може да се промени во овој свет, тоа може да се случи единствено преку неа.“

„Музиката е безбедна дрога.“

Цитати од Џими Хендрикс - најдобриот гитарист на сите времиња

„Треба да продолжиш понатаму, и да лудуваш. Лудоста е како рајот.“

„Имагинацијата е клучот до моите текстови. Останатото е направено со малку научна фантастика.“

„Ако сум слободен, тоа е бидејќи постојано сум во трка.“

„Знам дека не сум совршен и не живеам за да станам. Но, пред да го впериш прстот во мене, биди сигурен дека ти се чисти рацете.“

„Приказната за животот е побрза и од едно трепкање на окото, приказната за љубовта е здраво – збогум.“

„Моментот кога ја запалив гитарата, беше како жртвување. Ги жртвуваш работите што ги сакаш. Јас ја сакам мојата гитара.“

„Извинете ме додека го бакнувам небото.“

И за крај, потсетете се на неколку од неговите најголеми музички хитови…

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. ивана Reply

    Ѕвер!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!

  2. Игор Reply

    Најдобриот гитарист на сите времиња.Се верува дека ја продал душата на ѓаволот 3:)

    R.I.P Hendrix

Остави коментар