Чудо на природата – неверојатни албино животни
Албино животните се многу ретки во природата и човекот уште од античко време бил фасциниран од нив. Во некои култури се сметале за свети животни и биле основа на едни од најголемите легенди и митови. Поради нивната уникатност, албино животните и ден денес се најголемата атракција во зоолошките и циркусите низ светот.
Албинизмот е еден вид вродено хипопигментарно нарушување, кое се карактеризира со делумен или целосен недостаток на пигментот меланин во очите, кожата и косата. Тој се наследува преку рецесивни гени и досега е откриен кај цицачите (вклучувајќи ги и луѓето), рибите, птиците, рептилите и водоземните животни.
Гените кои го пренесуваат албинизмот, го спречуваат телото да ја создава вообичаената количина на пигментот меланин. Повеќето форми на албинизмот се резултат на биолошко наследување од страна на двајцата родители кои го поседуваат овој ген, но постојат и случаи кога наследувањето настанало само од едниот родител.

















Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.













Самоедот не е албино.
tie sto imaat crveno oci – samo tie se albino
zatoa sto kaj albino zivotnite nema sinteza na pigmenti, taka da bojata na irisot e crvena poradi krvnite sadovi a ne poradi pigmentot, taka da onie so dr boja na oci osven crvena – ednostavno se takvi genetski
Се согласувам за црвената боја, но не се појавува кај сите албино животни. Се зависи од наследниот материјал – очите кај нив можат да бидат и розеви, светло сини или сиви. Во некои случаи има минимално влијание, па тие добиваат само невообичаена боја…
lisicata i samojedot ne se albino