Чудните имиња на децата на славните

Чудните имиња на децата на славните

Некои од славните личности сметаат дека сè им е дозволено, па дури и да ги „казнат“ своите деца од раѓање да носат некои навистина уникатни и чудни имиња. A, некои навистина претерале.Чудните имиња на децата на славнитеЏејсон Ли, ѕвездата од серијата „Моето име е Ерл“ (My Name Is Earl) го крстил својот син Пилот Инспектор (Pilot Inspektor). Наводно причината за тоа бил еден стих на бендот Грандеди: „Тој е прост, тој е глупав, тој е пилот“. Не објаснил зошто го додал и она „Инспектор“.

Кај нас, ако детето се роди на Свети Никола, родителите може да го крстат Никола, или ако се роди на Илинден да биде Илија. Ќерката на Брајан Адамс дошла на свет на Велики Петок, пред Велигден, па тој се решил да ја крсти Мирабела Зајаче (Mirabella Bunny), според симболиката која зајачињата ја имаат за католичката црква. Подалеку не отишол ниту режисерот Роберт Родригез, кој во стилот на својот филм „Деца шпиони“ на синот му го дал името Ракета (Rocket).Чудните имиња на децата на славнитеЌерката на Крис Мартин од Колдплеј и актерката Гвинет Палтроу се одѕива кога ќе речете Јаболко (Apple). Славната мајка на детето кај Опра објаснила дека јаболката се слатки и здрави, а се спомнуваат и во Библијата. Тамам за име на дете.

Името на детето на Дејвид Духовни на англиски се пишува Kyd, но кога ќе го довикува тоа ќе звучи како да вика по кое било дете, затоа што неговото дете всушност се вика Дете. Сепак, тоа име не е толку чудно како Зума Неста Рок, кое го носи ќерката на Гвен Стефани.Чудните имиња на децата на славнитеСега веќе починатиот син на Силвестер Сталоне е крстен Sage Moonblood, што кога буквално ќе се преведе на македонски значи Жалфија Месечева Крв. Месечева Крв неизбежно асоцира на улогите на неговиот татко, но со таквите асоцијации себеси се надминал само Мајкл Џексон. Имињата на неговите деца се: Принц Мајкл и Принц Мајкл Втори.

Сличен потег направил и Боно, фронтменот на U2, кој на својата ќерка ѝ го дал името Мемфис Ив (Memphis Eve), што значи Квечерина во Мемфис. Таа денес е актерка и го користи само името Ив. И Еџ, гитаристот на бендот, го следел неговиот пример. Неговата ќерка се вика Тажен Ангел (Blue Angel), според песна на Рој Орбисон. Слично име носи и ќерката на Бијонсе и Џеј-Зи. Таа е крстена Блу Ајви (Blue Ivy), што преведено на наш јазик е Син Бршлен.Чудните имиња на децата на славнитеСепак, тие не можат да се носат со синот на малку познатата актерка Шанин Сосамон, чие име е Аудио Наука (Audio Science), и оние на откачениот рокер Френк Запа, Месечева Единица (Moon Unit) и Дива Тенок Мафин (Diva Thin Muffin).

Ним може да им конкурираат само Мокси Борецот Против Криминал (Moxie Crimefighter) на илузионистот комичар Пен Џилет, и Џермаџести (Jermajesty – Џермејновото Височество) на Џермејн Џексон, пејач и брат на Мајкл Џексон.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

  1. asdf Reply

    *Коментарот е модериран поради користење вулгарни зборови

    Ќерката на Бијонсе и Џеј Зи се вика Blue Ivy Carter, Blue стои за албумот Blueprint на Џеј Зи, Ivy стои за римското IV (4) – омилениот број на Бијонсе кој го има во нејзиниот роденден, роденденот на нејзиниот маж, датумот на нивната венчавка и нејзиниот албум “4”. Carter е презимето на Џеј Зи.
    Не мора се да преведувате.
    *

    • Кафе пауза Reply

      За овој пост моравме да преведуваме, бидејќи тоа беше поентата. Во друга прилика ќе објасниме за потеклото и суштинското значење на нивните имиња. 🙂

Напиши одговор на asdf Откажи одговор