Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

Кога патувате низ светот, покрај со различните луѓе и обичаи, голема е веројатноста да се сретнете и со најразлични закони – некои премногу строги, други глупави, трети смешни… Но, какви и да се, штом се закони, треба да се почитуваат, бидејќи нивното непочитување може значително да го олесни вашиот паричник, а не е исклучена ниту можноста да завршите зад решетки.

Списанието Travel&Leisure направи список на 10-те најдосадни закони, со кои се судираат недоволно информираните туристи:

1. Гренада – забрането е шетање во бикини!

На плажа, може да си лежите во бикини колку ви душа сака, но немојте ниту да помислите да тргнете во прошетка, без претходно, преку нив да наметнете уште нешто. Казната за овој „грев“ изнесува 270 долари, но по настојување на локалниот туристички одбор, властите не го применуваат премногу овој закон.

Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

2. Данска, Чешка – задолжително вклучете ги автомобилските светла!

Од неодамна и ние можеме да се пофалиме со овој закон. Значи, како во овие европски земји, така и во Македонија возењето со запалени светла на автомобилите е задолжително, без оглед на сезоната или времето. Иако изгледа по малку чудно, сепак има разумно објаснување за тоа – истражувањата покажале дека возењето со вклучени светла значително ги намалило инцидентите во сообраќајот, бидејќи возачите навремено го забележуваат возилото, кое им се приближува од спротивната страна.

Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

3. Германија – забрането застанување на автопат!

Да снемате гориво на автопат во Германија е строго забрането. 🙂 Ако од какви било причини го сопрете вашиот автомобил, бидете подготвени да се соочите со строгите сообраќајни критериуми во земјата. Истите важат и за пешачењето по перфектните германски автопати, кое исто така, е строго забрането! Затоа, ако се подготвувате за пат во оваа земја, претходно добро наполнете го резервоарот, затоа што запирањето чини безмалку 100 евра, а пешачењето уште толку.

Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

4. Италија – не ги хранете гулабите!

Во Венеција забраната за хранење на гулабите е еден совршено логичен закон, бидејќи со намножувањето на овие птици, прекрасните венецијански дворци се преплавуваат со нивниот измет, а чистењето чини многу пари. Така што, ако ве фатат како го делите вашиот сендвич со гулабите на плоштадот Св. Марко, ќе мора да се простите од околу 60 долари. Ако пак, го повторите делото, може да добиете и неколку пати „посолена“ казна, односно одморот ќе ве чини дополнителни 600 долари.

Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

5. Канада – ограничено е плаќањето со жолти центи

Насекаде во светот парите си се пари, независно од нивната номинална вредност, но не и во Канада. Локалните закони определуваат колку максимум монети може да користите за плаќање на сметката. Целта за ваквото ограничување е да не им го губите времето на касиерите, продавачите или келнерите со бескрајно броење на жолтите центи.

Но, може да се каже дека законот не е баш прецизен. Во него стои дека клиентот може да плати „соодветна сума“ во центи, но никаде не пишува колку изнесува таа „соодветна сума“. Колку монети се премногу, не е јасно прецизирано. Нема казна за овој грев, но продавачот во некој маркет може да одбие да ви продаде нешто, ако смета дека му давате премногу ситни парички.

Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

6. Москва – исперете ги автомобилите или платете казна

Погрижете се за чистотата на вашиот автомобил кога сте во Москва или ќе се судрите со законот. Внимавајте и на изгледот на вашата возачка дозвола, зашто и таа може да ви создаде проблеми. Но, никаде не пишува колку тие треба да бидат валкани за да заработите казна – тоа е оставено на проценка на „компетентните органи“. Како и да е, внимавајте, бидејќи казната изнесува 100 долари!

Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

7. Обединети Арапски Емирати – забрането е конзумирање храна на јавни места за време на Рамазан!

Ако патувате во ОАЕ за време на Рамазан, бидете исклучително внимателни. Јадењето на улица во светиот дел од денот може да ве чини многу. Може дури и да се најдете зад решетки, како двајца британски туристи, кои се дрзнале да го нарушат строгото муслиманско правило, регулирано со закон. Наместо на плажа, поминале три седмици во затвор. Друг поданик на кралицата пак, платил 275 долари, бидејќи непретпазливо испил сок на јавно место.

Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

8. Франција и Англија – никакви бакнежи на железничките станици!

Според многумина, романтиката на француските железнички станици била „погребана“ во 1910 година. Оттогаш бакнувањето за збогување на перонот е забрането со закон! Всушност, законот е прифатен за да обезбеди почитување на возниот ред и не е предвидена казна за прекршителите на ова необично правило.

Сепак, службениците имаат право да ве замолат да се повлечете на посебно означено место за бакнување, кое се наоѓа близу до паркингот… Вам сигурно ви звучи чудно, но на некои Британци очигледно им се видело добро смислено, па забраната ја вовеле и на дел од островот.

Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

9. Тајланд – казна ако сте разголен до половината додека сте зад воланот!

Да ја соблечете кошулата во тропските горештини на азиската држава можеби изгледа како добра идеја, но внимавајте – казната за такво „освежување“ е 10 долари.

Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

10. Сингапур – строго со мастиките

Џвакањето мастики, плукањето по улиците и хранењето на птиците се апсолутно забранети на островот Сингапур! Всушност, непријатности може да навлечете и ако заборавите да пуштите вода во тоалетот. Законот, кој го забранува сето ова, е донесен исклучително заради естетски причини, бидејќи не е пријатно да се шетате по улици, покриени со нечии исплукани мастики и птичји измет. Уште погрозно е да влезете во нечист тоалет…

Ова строго правило претрпело мали измени во 2004 година, кога било дозволено џвакањето на никотинските мастики „Nicorette“.  Но, ништо и од ова, ако со себе не го носите рецептот со кој докторот ви го препишал средството против пушење тутун. Локалните лекари пак, се задолжени да водат списоци на сите пациенти, на кои им ја препишуваат ваквата терапија.

Чудни закони кои ги „олеснуваат“ паричниците на неинформираните туристи

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

Остави коментар