Чудни методи против стареење и начини на постигнување бесмртност од минатото

Доброто стареењето може да се манифестира на различни начини. Без разлика дали станува збор за недостаток на брчки, или брз метаболизам кој ви дозволува да ја одржите линијата, секој од нас си има по некој ген кој прави да се чувствуваме како да сме го победиле времето.

(12)chidni-metodi-protiv-stareenje-od-minatoto-kafepauza.mk

Поради ова, индустријата за производи против стареење е толку успешна. Низ вековите желбата за вечната младост била постојана помеѓу луѓето. Немајќи го денешниот луксуз како што сте производите за подмладување, луѓето преземале многу драстични мерки за да го постигнат посакуваниот изглед, а понекогаш дури и бесмртноста. Погледнете некои од најчудните методи за подмладување што се користеле низ историјата.

1. Клеопатра

(1)chidni-metodi-protiv-stareenje-od-minatoto-kafepauza.mk

Експертите сметаат дека со цел да го одржи нејзиното младо лице, Клеопатра се бањала во кисело млеко од магаре. Во тоа време луѓето верувале дека млекото делува како хемиски пилинг. Исто така има гласини дека таа користела измет од крокодил како пудра.

2. Граѓаните на Рим

(2)chidni-metodi-protiv-stareenje-od-minatoto-kafepauza.mk

Многу одамна Римјаните ја пиеле крвта на загинатите гладијатори веднаш по нивната смрт. Тие верувале дека ова е лек за епилепсија. Покрај тоа, крвта се продавала и на улиците.

3. Таоисти

(3)chidni-metodi-protiv-stareenje-od-minatoto-kafepauza.mk

Таоситите во древното минато мислеле дека она што го ставате во вашето тело е рефлексија на она што ќе излезе од него. Поради ова тие многу често консумирале зеленчук, зачини и јајца од желки. Тие верувале дека јајцата ќе им овозможат долг и здрав живот како оној кој го имаат желките.

4. Џи Хонг

(4)chidni-metodi-protiv-stareenje-od-minatoto-kafepauza.mk

Додека пишувал книги за бесмртноста, Џи Хонг направил и лек од мозок од магаре, кој верувал дека може да го продолжи човечкиот живот до 500 години. Тој исто така сметал дека правилната комбинација од вежби со дишење, физички вежби, исхрана, секс и лекови може секому да му ја овозможи бесмртноста.

5. Роџер Бејкон

Roger Bacon conducts experiment

Роџер живеел во 13-тиот век и сметал дека пијалак направен од вино, корали, злато, круши и коска од елен може да го задржи младешкиот сјај кај луѓето.

Продолжува на следната страница…

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар