Човекот кој живее без пари

28 April, 2012 0 коментари од

Даниел Суело уште во 2000-та година се откажал од парите и заминал да живее во хармонија со природата. Времето го поминува во својот дом во една пештера во пустината Моаб во Јута, но само додека не патува по целата земја. Тој смета дека парите се илузија која што никому не му е потребна, а животот е најубав кога се користи само она што природата бесплатно ни го дава.Човекот кој живее без париВаквиот поглед на светот го стекнал додека волонтирал како лекар во Еквадор, каде што гледал како селаните постепено се богатат од земјоделството за потоа да купуваат работи кои не им се потребни, што според Даниел го влошило нивното здравје.

„Кога живеев со пари, постојано ми фалеше нешто. Парите претставуваат некаков недостиг. Или претставуваат нешто од минатото (долг) или од иднината (кредит), но никогаш не претставуваат нешто од сегашноста“, објаснува Даниел.

Човекот кој живее без париЧовекот кој живее без париСуело се храни само со она што може да го добие бесплатно: собира шумски плодови кои растат во пустината и ги собира прегазените животни по патиштата. И покрај тоа што живее во пештера, тој сепак не е целосно изолиран од цивилизацијата. Често ја посетува библиотеката во гратчето Моаб од каде што редовно го ажурира својот блог.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Liked this article? Read another similar article.

Поврзани содржини:

Занимливости

Tags: , , , , , , , ,

За авторот

Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.
0 коментари за “Човекот кој живее без пари”

Остави коментар

Read more:
Совршенство
Совршенство

Најстилски музички видеа на сите времиња
Најстилските музички видеа на сите времиња

Топ 5 содржини за изминатата недела (4.10.10.10)
Топ 5 содржини за изминатата недела (04.10-10.10)

Close