Чоколадото помага при согорувањето на мастите?

Тим од шпански истражувачи ја анализирале исхраната и активноста на 1.500 тинејџери на возраст од 12 до 17 години од девет европски земји и при тоа откриле интересен податок. Оние кои јаделе повеќе чоколадо, генерално имале помалку маснотии во телото.

Чоколадото помага при согорувањето на мастите?

Исто така утврдиле дека чоколадото има позитивно влијание на циркулацијата, крвниот притисок и здравјето на срцето.

Истражувањето е направено од страна на Универзитетот во Гранада и се поклопува со она направено од страна на Универзитетот во Калифорнија, кое исто така покажало дека оние кои јадат многу чоколадо имаат пониско ниво на маснотии во крвта.

Шпанските истражувачи тврдат дека иако чоколадото има многу калории, ги неутрализира маснотиите и не дозволува да се лепат на телото.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар