Читање од дланка или читање хороскоп: Која е разликата и што е подобро за вас?

Читање од дланка или читање хороскоп: Која е разликата и што е подобро за вас?

Читањето од дланка и астрологијата отсекогаш биле поврзани. Тие се толку поврзани, што и двете техники користат дел од истите планетарни симболи. Но за разлика од хороскопот, читањето од дланка може да ви открие многу повеќе работи.

shto-otkriva-chitanjeto-od-dlanka-za-razlika-od-horoskopot-kafepauza.mk

Иако е забавен, хороскопот речиси никогаш не ви ги одговара прашањата кои ги имате за себе бидејќи тој многу често е општ. Хороскопот е како лесен разговор, додека читањето од дланка е длабока филозофска дискусија која може да потрае. Погледнете што ви открива читањето од дланка за разлика од хороскопот.

Предвидувачки одговори за лични прашања

Бидејќи хороскопот кој го читате се занимава само со сончевите знаци, тој е многу општ и е за времето и местото на коешто се наоѓате во моментот. Хороскопот ги одговара прашањата за денес, додека читањето од дланка ви дава одговор на прашањата кои ги имате за утре, па дури и за после 50 години.

Читањето од дланка може да предвиди сè, од бројот на вашите деца, до вашето здравје и крајот на животот.

Читањето од дланка навлегува во најважните детали

Општиот хороскоп може да ви ја каже веројатноста да ги исполните вашите желби. Во него често можете да прочитате реченици како: „Баравте љубов, сега е време за тоа.“ Читањето од дланка, од друга страна, ги користи прстите за да добие информации за вашата волја, желби и вашиот личен идентитет. Сето ова е со цел да ги открие вашите најголеми желби, како и пречките со кои е можно да се соочите.

Секој прст од вашата дланка одговара на различен аспект од вашиот живот. Палецот ги претставува вашите желби и соништа. Показалецот го покажува вашиот личен идентитет. Средниот прст може да ви каже за вашата кариера. Домалиот прст е поврзан со креативноста. Малиот прст кажува за комуникацијата и вашите врски. Луѓето кои читаат од дланка користат комбинација од информациите кои ги добиваат и се обидуваат да откријат сè што ќе посакате. Од сеансата можете да си заминете со навистина специфични одговори.

Покомплицирани одговори од она што сте го очекувале

Читањето од дланка има две категории – проучување на линиите на дланката и проучување на формата, бојата и текстурата на прстите и дланката. Читачите користат комбинација од двете за да ги добијат вашите одговори. Па, можете да слушнете навистина комплицирани работи.

Можеби ќе посетите читач на дланка за да дознаете како ќе си поминете на одморот, а тој може да ви каже дека ќе ја сретнете љубовта на вашиот живот, но можно е да ја изгубите поради неверство. После сеансата може дури и да посакате да му се вратите на хороскопот.

Ако посетувате читач на дланка, важно е да знаете дека и тој е човек и дека може да направи грешка. Ако не ви се допаѓа енергијата која ја добивате од читачот, слободно не прифаќајте го тоа што ќе го слушнете и претворете ја ситуацијата во интересна приказна. На крај, сепак ништо не ги заменува вистинските терапевти и живеењето во сегашноста.

Научете и како самите да си ја прочитате судбината од дланка.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар