Чевлите го откриваат карактерот на девојките

Без разлика дали преферирате рамни чевли или високи потпетици, изборот на чевли го открива вашиот карактер повеќе отколку што мислите.

Сандали со пониска потпетица

Сандалите со ниска или средна потпетица се за девојките кои ѝ робуваат на модата. Овие модни снобови со задоволство ја следат модата, одошто да облечат нешто поконвенционално.

Чевлите го откриваат карактерот на девојките

Рамни сандали со ремче околу зглобот

Рамните сандали што имаат ремче околу зглобот се избор на девојките кои се понесени од моментот. Сепак, овие девојки се присебни и во секојдневниот живот најчесто ги имаат работите под контрола. Другите ги сметаат овие девојки како вечни деца во срцето.

Чевлите го откриваат карактерот на девојките

Шарени сандали на платформа

Девојките кои обожаваат да носат шарени сандали на плутена платформа, имаат слободен дух. Го привлекуваат вниманието на сите што се наоѓаат во нивна близина. Имаат подеднаков број пријатели и од двата пола.

Чевлите го откриваат карактерот на девојките

Балетанки

Балетанките се избор на класичните девојки. Нивниот начин на живеење, нивниот распоред и нивниот стил на облекување се безвремени и без посебни детали. Овие девојки би одбрале полароид наместо дигитален апарат, а нивниот избор, исто така, би бил Грејс Кели пред Гвинет Палтроу.

Чевлите го откриваат карактерот на девојките

Сандали на платформа со ремче околу зглобот

Девојките кои преферираат да носат сандали на платформа со ремче околу зглобот, секогаш се во тек со најновите модни трендови. Тие први го имаат најновото модно парче и токму овие девојки ги диктираат модните трендови во друштвото.

Чевлите го откриваат карактерот на девојките

Сандали со Т – ремче

Сандалите со ремче во форма на буквата Т се избор на девојките полни со самодоверба. Овие девојки зрачат со сексапилност и свесни се за сопствената појава. Не се плашат да флертуваат и знаат како да го добијат тоа што го сакаат.

Чевлите го откриваат карактерот на девојките

Машки чевли

Девојките кои се одлучуваат за модели кои потсетуваат на машки чевли, или уште познати како „бродски чевли“, се сметаат како машкуданки. Не само нивните чевли, туку и нивната гардероба е слична на машката. Овие девојки ги обожаваат спортовите.

Чевлите го откриваат карактерот на девојките

Сандали со вкрстени ремчиња

Сандалите со вкрстени ремчиња се за девојките кои го имаат епитетот „најдобри другарки“. Со својот нежен карактер и талентот за советување, овие девојки најдобро се снаоѓаат кога се опкружени со деца. Купувањето подароци за нив е една од најлесните работи.

Чевлите го откриваат карактерот на девојките

Сандали со дрвена платформа

Девојките кои преферираат сандали со дрвена платформа се сметаат за навистина паметни. Тие имаат логично решение за секој проблем. Без разлика дали се на пазарот на акции или ја пресметуваат сметката во ресторан, овие девојки се непогрешливи кога станува збор за математика.

Чевлите го откриваат карактерот на девојките

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. maca Reply

    ova nema veze

Остави коментар