Чаша за пиво што го поттикнува дружењето во ноќните клубови

Чашата за пиво т.н. „The Offline Glass“ е дизајнирана така за да може да се користи само доколку се потпре на мобилен телефон. Дизајнот е едноставен, всушност само еден дел од дебелата основа е отсечен и со тоа се добива чаша на која нужно ѝ е потребна потпора за да го задржи пивото внатре.Чаша за пиво што го поттикнува дружењето во ноќните клубовиЧашата е креација на агенцијата за огласување „Fischer & Friends“, а презентирана е во барот „Салвие Жоржи“ во Сао Паоло, Бразил со цел да ги поттикне гостите да ги спуштат своите телефони на масата и повеќе да се дружат со пријателите, а помалку со своите „паметни придружници“.

Еден од сопствениците на барот, Флавиус Синера за Телеграф вели: „Салвие Жоржи има дух кој сака да ги доближи пријателите и секојдневните борци, како што порано велевме, во среќна средина опкружени со добра храна и со ладно пиво“.

Вандерлеј Романо, ко-сопственик на барот додава: „Офлајн-чашата токму тоа го прави. Таа е покана за луѓето да дојдат овде после дневната битка, да се исклучат од онлајн-светот, да помуабетат со нивните пријатели и да ја живеат реалноста околу нив, барем неколку часа“.

Овој изум има една очигледна цел – да ги стимулира луѓето повеќе да зборуваат лице в лице, наместо да се ѕверат во нивните мобилни телефони.

Чашата е варијација на традиционалната бразилска чаша за точено пиво и е така направена за да одговара на разни модели на мобилни телефони. Производителите тврдат дека формата и големината на чашата спречуваат појава на кондензација и оштетување на телефонот од влагата.

Бразил забележува зголемен број на корисници на мобилни телефони со влегувањето на телекомуникацискиот оператор Анател, каде што на 100 лица има 134 мобилни телефони. Во Македонија, според извештајот на Агенцијата за електронски комуникации, изминатата година се регистрирани 2.235.460 активни корисници на мобилни телефони. Очигледно изумов треба да допатува и кај нас.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар