Целиот интернет се крена на нозе: Никој не треба да биде засрамуван додека танцува

Пред неколку дена се крена огромна врева за човекот кој танцувал од срце, но кој престанал откако забележал дека некои луѓе околу него му се смеат. Во февруари, еден корисник на „4chan“ објавил фотографија од пред и по настанот, со појаснување:

„Го забележав е овој примерок кој се обидува да танцува пред некоја недела. Престана веднаш кога нè виде дека му се смееме.“

(1) Целиот интернет се крена на нозе: Никој не треба да биде засрамуван додека танцува

Оваа фотографија пред неколку денови повторно била објавена, но овој пат на „Imgur“ со појаснување:

„Сметам дека ова однесување е проклето одвратно. Доколку си таму некаде голем човеку, батали ги децата. Продолжи си со танцување.“

Веднаш потоа настана бура од споделувања, при што сите корисници го поддржуваа ова мислење и го искажуваа своето верување дека никој не треба да биде засрамуван додека едноставно се обидува да се забавува. Овие споделувања ја инспирираа и писателката Касандра Фербанкс да започне со лична кампања да го најде човекот кој танцувал и да подготви специјално изненадување за него. За само 24 часа, илјадници жени од Твитер се придружија на потрагата преку хаштагот #FindDancingMan која доведе до предлог за организирање голема танцова забава за човекот…

И покрај малата веројатност, овој човек сепак беше пронајден. Неговото име е Шон. Тој ја прифати понудата за танцовата забава и се очекува да присуствува откако ќе се врати од своето патување во Киев. Оваа приказна е доказ дека интернетот понекогаш е навистина добро место и дека во срцето на луѓето сепак постои емпатија и потреба да помогнат. На оваа забава се очекува да има голем број луѓе, меѓу кои и познатиот пејач Фарел Вилијамс.

(2) Целиот интернет се крена на нозе: Никој не треба да биде засрамуван додека танцува

Од овој настан можеме да извлечеме многу важна поука, а тоа е дека исмејувањето навистина ги повредува луѓето и дека никогаш нема изговор за тоа. Исмејувањето влијае негативно врз самодовербата и има неверојатна моќ за само неколку моменти да го уништи нашето одлично расположение и да предизвика да се мразиме онакви какви што сме. Никој не треба да поминува низ тоа чувство. Особено не оние кои само се обидувале да се забавуваат и да си го живеат својот живот. Имајте го на ум ова следниот пат кога ќе ви дојде потреба да исмејувате друг човек!

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар