Брилијантни, цинични цитати од Чарлс Буковски

Брилијантни и цинични цитати од Чарлс Буковски

Чарлс Буковски бил плоден и неконформистички писател кој најчесто пишувал врз база на лични искуства и преку својата поезија и проза ја опишувал изопаченоста на американското општество. Прочитајте неколку цитати од овој неверојатен човек, култен херој и еден од најинтелигентните и најдуховитите писатели, кој ни го доближи животот во сите негови облици.

(2)-brilijantni-cinichni-citati-od-charls-bukovski-kafepauza.mk

За животот

„Преживувањето е тешко сè додека не умрете.“

„Не верувам дека е можно да го направиме светот подобро место за живеење. Верувам дека можеме да престанеме да го правиме полошо место.“

„Почнете да го спасувате светот, спасувајќи една личност – сѐ останато е само грандиозен романтизам или политика.“

За жените

„Сите жени се различни. Во целина, се однесуваат како да се комбинација од најдоброто и најлошото, во исто време се и магични и страшни. Но како и да е, мило ми е што постојат.“

„Додека мажите се зафатени со гледање фудбал, пиење пиво, или куглање, жените мислат на нас. Се фокусираат на нас, нè студираат и одлучуваат што сакаат да прават: Дали да нѐ прифатат, да нѐ отфрлат, да нѐ заменат за нешто подобро или едноставно да нѐ убијат.“

За талентот и пишувањето

„Писателите се очајни луѓе. Кога ќе престанат да бидат очајни, тогаш престануваат да бидат и писатели.“

„Со 25 години секој може да биде гениј. Со 50 морате да направите нешто за да станете гениј.“

„Амбицијата ретко им помага на талентираните луѓе. Да имате среќа е нешто сосема друго. Талентот секогаш се провлекува зад среќата.“

„Интелектуалците кажуваат едноставни нешта на потешкиот начин. Уметниците ги кажуваат тешките работи на едноставен начин.“

(0)-brilijantni-cinichni-citati-od-charls-bukovski-kafepauza.mk

За луѓето

„Некои луѓе никогаш не полудуваат. Сигурно живеат страшен живот.“

„Потенцијалот не значи ништо. Морате нешто да направите. Скоро секое бебе во кревет има повеќе потенцијал од мене.“

„Ако успеете да залажете некого, тоа не значи дека тој е будала. Тоа само значи дека ви верува повеќе отколку што заслужувате.“

„Убавината не е ништо, убавината нема да остане. Не знаете колку сте среќни ако сте грди, бидејќи ако луѓето ве сакаат, знаете дека ве сакаат поради друг квалитет.“

За себе

„Осаменоста ме направи посилен. Без неа е како да сум без храна и вода. Секој ден без осаменоста сум послаб. Не сум горд на својата осаменост, но зависен сум од неа.“

„Оженет сум, но немам жена. Мојот живот е мојата жена.“

„Најчесто сум лош, но кога сум добар, сум ѓаволски добар.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар