Вистината молчи додека зборуваат парите: 200 руски поговорки за сечија душа!

Вистината молчи додека зборуваат парите: 200 руски поговорки за сечија душа!

Мудроста на народите е бесценета! Прочитајте ги следниве руски поговорки и народни изреки кои ги кажале мудрите умови, а народот ги пренесувал од колено на колено.

Бракот е гробница за љубовта: 200 руски поговорки за сечија душа

1. Бракот е гробница за љубовта.

2. Љубовта има крилја на грбот, а бракот патерици под пазувите.

3. Вистината молчи додека зборуваат парите.

4. Љуби, но знај добро кого љубиш.

5. Лагата понекогаш поубаво го објаснува она што се случува во душата, отколку вистината.

6. Луѓето го исмејуваат коњот на среќата сѐ додека самите не го јавнат.

7. Здравиот кон гроб брза, а болниот од гробот бега.

8. Со медот не се ловат само муви, туку и мечки.

9. Учи добри нешта, лошите се учат сами од себе.

10. Милото дете многу имиња има.

11. Двајца капетани потопуваат брод.

12. Младите и лудите мислат дека дваесет години и дваесет рубљи се без крај.

13. Никогаш не фрлај кал во бунарот од кој некогаш си пиел.

14. Многумина живеат, а сите умираат.

15. Добредојде зло, ако доаѓаш само.

16. Многу гревови има таму каде што има многу пари.

17. На човекот му е даден зборот, за да ги преправи своите мисли.

18. Луѓе се многу, а човекот е реткост.

19. Кога будалите би носеле бели капи, ние би биле јато гуски.

20. Човековата злоба секогаш доаѓа од немоќ.

21. Многу памет има низ светот, но малку добро.

22. Оној што го навредува небото, нема кому да се моли.

23. Морето на животот е преполно со камења под вода.

24. Тајната на човековото битие не е во тоа да живее, туку зошто живее.

25. Мудриот нема доволно уши, а на глупавиот и еден јазик не му е доволен.

26. Големината на културата се одредува според односот кон жената.

27. Мудриот човек ги штеди зборовите и времето.

28. Клеветењето е како јаглен: или ќе ти ги извалка рацете или ќе те изгори.

29. По лош пат нема да стигнеш далеку.

30. Молчењето е доблест за будалите.

31. Тајната на среќата не е да го правиме она што го сакаме, туку да го сакаме она што го правиме.

32. По крив пат не се гледа напред.

33. Најтешките лаги најчесто се кажуваат со молчење.

34. Песот ги лае храбрите, а ги каса плашливите.

35. За да дознаеш каков е патот пред тебе, прашај ги оние кои се враќаат.

36. Најубавите печурки се и најотровни.

37. Најдобро патува оној кој знае кога треба и да се врати.

38. Мажот кој сака да изненади, често знае и тоа како да биде изненаден.

39. Не плаши се од смртта ако сакаш да живееш.

40. Чистата тага е невозможна, исто како и чистата среќа.

50. Не ни се потребни вежби за подготовка за да можеме да умреме.

Бракот е гробница за љубовта: 200 руски поговорки за сечија душа

51. Биди сигурен дека си во право, па дури тогаш тргни напред.

52. Оној кој не умеел да живее, нема да можеш да го научиш ни да умре.

53. Сокол што не летал под небото во младоста, нема да лета ни во староста.

54. Смртта не сака долги преговори.

55. Ако сакаш – ќе скокнеш и на планина, ако нејќеш – ни од ритче нема да се симнеш.

56. Не суди му на човек според убавината на облеката, туку според убавината на душата.

57. Сакам е половина од можам.

58. Не ја заборавај земјата во која ти е сечен папокот.

59. Повеќе прави половина волја, отколку туѓата присила.

60. Не ги почнувај темелите, ако не си во состојба да ја доградиш целата куќа.

61. Ниту пелинот не расте без корен.

62. Очите не треба да се отвораат повеќе од потребното.

63. Без правда може да се живее, но тешко е да се умре.

64. Некои љубови се како снегот: брзо се топат и се претвораат во кал.

65. Нема доблест без борба.

66. Со богата капа не се прикрива сиромаштијата во главата.

67. Една болест, а секој боледува на свој начин.

68. Нема човек без болка, а ако има – тогаш не е човек.

69. Болеста сама кажува што ѝ треба.

70. Ниту врабецот живее без луѓе.

71. Подобро е да не се доречеш, отколку премногу да кажеш.

72. Не ти е пријател оној кој со мед те залажува, туку оној што во очи вистината ти ја кажува.

73. Брачниот лонец секогаш врие.

74. Не е пријателска раката која само гали, туку и раката што влече за коса.

75. Брод кој удрил карпа, а потоа продолжил со пловењето – не бил во никаква неволја.

76. Не е смешно ако жената го тепа мажот, смешно е ако тој плаче.

77. Голем е зборот: благодарам.

78. Никогаш не недостасува време ако се сака да се прават добри дела.

79. Голема е устата, но ништо не гледа.

80. И иконата и лопатата се од исто дрво.

81. Големата болка знае за солзи во срцето, но не и за солзи во очите.

82. Од раната љубов, како и од раниот свет, ретко кога имаме корист.

83. Превезот кој го прикрива лицето, ретко кога ја прикрива и убавината.

84. Вербата има две сестри: омразата и љубовта.

85. Од устоено јајце секогаш се прави мешаница.

86. Повеќе вреди грешник подготвен за каење, отколку десет светци кои никогаш не дошле до искушение.

87. Спретниот цар на нозете од своите министри прицврстува крилја.

88. Повеќе има коприви отколку рози.

89. Оние кои ја влечат колата на среќата, често се попаметни од оние што во неа седат.

90. Времето, всушност, ги лечи раните на несреќните, но често го прави тоа така невешто, што остануваат длабоки бразди.

91. Татковата клетва суши, а мајкината искоренува.

92. Времето лекува стари рани, но не и оние кои често се обновуваат.

93. Очи без душа се слепи, а уши без срце – глуви.

94. Времето нема само заби, туку и јазик.

95. Парите се како чавки: се собираат само во јато.

96. Времето од замокот прави урнатини, а никогаш од урнатини – замок.

97. Парите се како гулабите: каде ќе се вдомат – таму и се размножуваат.

98. Таму каде што зборовите се реткост, таму имаат и тежина.

99. Понижувајќи ги другите се понижуваш и себеси.

100. Со главата почнувај, со рацете довршувај.

Бракот е гробница за љубовта: 200 руски поговорки за сечија душа

101. На алчниот човек и во гробот му е тесно.

102. Гладното јагне цица од секоја овца.

103. Пред да се искачи на небото, под облаците, и орелот на земјата потскокнувал.

104. Дај му слобода на јазикот и ќе го каже и она што не го знае.

105. Пред силните сме зајаци, а пред слабите – слонови.

106. Денот е долг, а векот краток.

107. Пријателството, како и љубовта, со труд се добива.

108. Денови поминати без работа се исти со самата кражба.

109. Пријателството не трпи измами и завршува таму каде што почнува лагата.

110. Девојките мислат на брак, а мажените мислат на љубов.

111. Сакаш ли пријателство – биди пријател.

112. Детето е како тестото: како ќе го замесиш, така и ќе порасне.

113. Размисли прво со перницата, а потоа со луѓето.

114. Додека не си почнал – мисли, а кога ќе почнеш – работи.

115. Зборот не е стрела, туку пострашен од стрела.

116. Дрвото се држи со коренот, а човекот со пријателите.

117. Раце полни со желби не знаат за здодевност.

118. Долг е јазикот во краткиот памет.

119. Од истиот цвет пчелата мед, а пајакот отров собира.

120. Долго чека тој што нетрпеливо чека.

121. Слободен е само оној човек кој со себе владее.

122. Со душата измери, со умот провери, па дури тогаш верувај.

123. Сонот е како богатство: колку повеќе го имаш, толку повеќе го сакаш.

124. Ѓаволот не е толку опасен кога ќе се појави како лав што рика, туку како пес со опашка што мавта.

125. Животот е како Месечината: час полн, час полу празен.

126. Своето благодарам не го жали, а туѓото не го очекувај.

127. За правдата сме слушнале, а неправдата сме ја виделе.

128. Со својата жар и своите солзи, првата љубов наликува на младо дрво кое на едната страна гори, а на другата пушта вода.

129. Заборави го моето добро, но не прави ми зло.

130. Да се сеќаваш значи да старееш.

131. Зависта ја гледа розата, но не и трњето.

132. Сиромаштијата е дупка која само среќата може да ја пополни.

133. Законот е како пајажина: стршенот ја пробива, а мувата се фаќа.

134. Сиромаштијата не е срамна, но е грев од Бога.

135. Злите мисли им претходат на злите дела.

136. Служи се со умот како со кормило, а со доблестите како со едра.

137. Знај да живееш, но знај и да умреш.

138. Смртта, на крајот, покажува каков ни бил овој живот.

139. И на мудриот му се потребни совети.

140. Среќата и несреќата јаваат на еден коњ.

141. И на бисерот има гребаници.

142. Среќата е како треска: кого сака – тој го спопаѓа.

143. И на сонцето има дамки.

144. Среќата не доаѓа сама, ја носи работата под рака.

145. И најдобрите жици не чини постојано да се затегнуваат.

146. Среќата без ум е како шуплива кеса: кај ја најдеш, таму и ја губиш.

147. И под шупливата капа живее човек.

148. Среќата треба полека како гуската да се кубе, не да ѝ се свиткува вратот како на јастреб. Ако пак, среќата ти дојде гола – прекриј ја со најубавата прекривка.

149. И срцето има уши.

150. Лутината другите ги боде со игла, а себеси со меч.

Бракот е гробница за љубовта: 200 руски поговорки за сечија душа

151. Штом срцето не воочи, не се гледа ни со очи.

152. Има насмевки полоши и од солзите.

153. Искуството е книга која ја читаа и неписмените.

154. Вистината оди право и со неа нема да скршнеш.

155. Едниот оболел од глад, а другиот од злато.

156. Една капка во очите на царот, ја чини земјата многу марамчиња.

157. Кој дошол на позиција како лисица, тој ќе се однесува на неа како волк.

158. Тешко на поетите ако и царот е поет.

159. Поевтини се седум мудреци од еден искусен човек.

160. Кога вепарот би направил бог, овој би му направил рало.

161. Кога би ги имале само гревовите што ги признаваме, речиси сите би биле светци.

162. Кога ветерот дува, повеќе ги тресе камчињата откоку тревите.

163. Кога ќе дозволиме да се срушат куќите, настојуваме да ги спасиме урнатините.

164. Кога имаш свои деца, ја сфаќаш добрината на родителите.

165. Кому му е чиста совеста, перницата не му се врти под главата.

166. Совеста е како соседот: колку си подобар со неа – толку подобро.

167. Кога зборува потребата, таа заповеда.

168. Потребата не чека вистинско време.

169. Потребата не знае за закони, таа преку нив чекори.

170. Кога ќе скршиш рака или нога – можеш да живееш. Кога ќе скршиш душа – не можеш.

171. Кога замавнува судбината – погодува во средината.

172. Како што во кварцот не се гледа огнот, така и во човекот не се гледа душата.

173. Кој се буди под самата планина, тој никогаш нема да го види нејзиниот врв.

174. Како да биде задоволен од Бога, оној што е незадоволен од светот?

175. На оној кој приоѓа со љубезно лице – не му го вртат грбот.

176. Оној што сам во себе подлабоко ќе погледне, не ќе се фали.

177. Добрите луѓе не му вртат грб на оној што им се врти со своето лице.

178. Оној што се плаши од несреќата, нема да ја види ни среќата.

179. Оној што се свртува два пати, нема што да загуби.

180. Оној кој премногу се плаши од смртта, мртовец е меѓу живите.

181. Оној кој сее мир, жнее среќа.

182. Коњите на надежта галопираат, а магарето на искуството оди полека.

183. Лагата е како ситна пара: не се живее долго со неа.

184. Полесно е кога силата живее без умот, но не чини ни ум без сила.

185. Полесно е да се извади мечот од ѕидот, отколку да се закачи.

186. Ласкавец под зборови како змија под цвеќе.

187. Убавиот поздрав и на мачката ѝ е мил.

188. Убавиот збор за човекот е како дождот за сушата.

189. Убавиот збор и слаткиот дожд секаде продираат.

190. Лошите денови почнуваат уште од вечерта, а добрите дури од утредента.

191. Стариот манастир имал дрвен иконостас и златни игумени. Новиот има дрвени игумени и златен иконостас.

192. Стравот му е десна рака на непријателот.

193. Солзите се како бура: После нив човек е секогаш помирен.

194. Тешко е да се загрее собата со ветени дрва.

195. Треба да се чека љубовта да дојде на нишан, инаку не се погодува.

196. Туѓата душа е како непроодна шума: Не може да се влезе во неа.

197. Тапиот срп поболно ги сече рацете од остриот.

198. Во големата душа и болката е голема.

199. Во големото срце и далечното е близу.

200. Кому срцето му е мрачно, нему секој ден му е дождлив.

Прочитајте ги и следниве интересни африкански народни поговорки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар