Божиќните трпези ширум светот - Part 2

Божиќните трпези ширум светот

Аргентина

Во Аргентина празникот се прославува вечерта пред Божиќ, а главен оброк на нивната трпеза е говедско, свинско или мисиркино месо. Во некои подрачја се јаде и печен паун. Исто така, се служат и разни видови пити од дробено овошје и зачини, а состојките кои се ставаат внатре, варираат од едно до друго домаќинство. Омилено јадење на Аргентинците на божиќната трпеза се сармите т.н. „Ninos envuettas“ што во превод значи „завиткани деца“, исполнети со сечкано говедско на големи квадрати и тврдо варени јајца, кромид и зачини, а потоа се печат. Со вечерата се служи шампањско со парчиња свежо овошје, јаболков сок или друго цедено овошје. За десерт се јаде од слаткиот колач „Pannetone“ и пудинг.

Божиќните трпези ширум светот

Германија

Во оваа земја Божиќ се прославува два дена, на 25 и 26 декември. Семејството се собира околу трпезата ноќта пред Божиќ, а јадењето им е прилично едноставно и варира од една до друга фамилија. Главниот оброк традиционално се јаде дента на Божиќ, а е сочинет од печена гуска и печен крап. Се служат и зготвени зеленчуци како кељ, зелка и сл. како и кисела зелка. Божиќната трпеза ја заокружува колачот „Christstollen“ (прикажан на сликата), кој е вид на овошна торта приготвена со сушено зашеќерено овошје и јаткасти плодови, посеана одозгора со шеќер во прав.

Божиќните трпези ширум светот

Полска

Дента пред Божиќ цел ден се пости, а првото омрсување се случува на вечерата. Месо не се јаде на овој празник, а вечерата започнува со кршење лепче и се мести едно место на трпезата плус, како резерва за некој залутан патник кој може да дојде на врата. Тоа се смета дека носи среќа во домот. Како главен оброк се служат разни видови риба како харинга потопена во кисела павлака, потоа риба приготвена со кулинарската техника „Au gratin“ потопена во сос од печурки и сирење и штука послужени во комбинација со тврдо варени јајца и варени компири. Традиционалната божиќна супа во Полска е т.н. „Barshch“ (супа од цвекло), како што се и различните видови компоти приготвени од сушено овошје. Божиќниот десерт вклучува мед во комбинација со колачиња со афионово семе, како и слаткиот традиционален полски колач „Babka“ (прикажан на сликата).

Божиќните трпези ширум светот

Филипини

Божиќната прослава во оваа бивша шпанска колонија е една од најдобрите во светот. Свеченоста започнува официјално на 16 декември кога се зазорува, со една од деветте трпези. Уличните продавачи се паркираат во близина на црквите и нудат разно-разни филипински јадења, вклучително и топлото чоколадо „Tsokolate“ и „Puto bumbong“, јадење кое е сочинето од обарен обоен ориз, се служи во бамбусова туба, а е зачинето со кокос и кафеав шеќер (прикажано на сликата). После полноќната трпеза на вечерта пред Божиќ, започнува главната прослава „Nocha Buena“. Главен оброк на трпезата е пушена шунка или печена свиња. Други традиционални јадења кои ги има на божиќната трпеза се „Queso de bolo“ (тип на полутврдо сирење со златно-жолта боја– едамер) и динстувана опашка од вол. За десерт се јаде колачот „ Kalamay“ кој се прави од леплив ориз, кокос, путер од кикирики, кафеав шеќер и пржено потсирено кокосово млеко.

Божиќните трпези ширум светот


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Савица Reply

    Среќа што живимо у Македонију! xD

Остави коментар