Божиќните трпези ширум светот

Денеска православните христијани го прославуваат големиот празник Божиќ. Без разлика дали се водите според Јулијанскиот или според Грегоријанскиот календар, на овој ден се празнува раѓањето на Исус Христос.

Богатата трпеза и големиот број традиции го прават овој празник толку посебен. Денеска на една македонска трпеза ќе може да се најде убаво печено месо, мрсна сарма или подварок, печен компир, по некоја заостаната риба од бадниковата вечера, фино црвено вино, а за десерт чоколадна торта, милиброд и печена тиква. Сепак, од држава во држава, се негуваат различни традиции кои создаваат прекрасна атмосфера помеѓу семејството и пријателите. Следуваат традиционалните божиќни трпези на 16 земји од светот, а вие одберете која ќе ја посетите наредната година.

Франција

Божиќната трпеза во Франција и во местата каде се зборува француски јазик е наречена Le Reveillon. Тоа е долга вечера или по можност забава, а името потекнува од францускиот збор réveil (будење), бидејќи обичајот подразбира луѓето да останат будни до полноќ, кога се служи вечерата и часовите кои следуваат потоа. За предјадење се служи „Foie gras“ (џигер од гуска или патка), остриги, пушен лосос или тенки палачинки направени со брашно од хељда. Главен оброк е печена гуска декорирана со костени, а место тоа може и мисирка, говедско или јагнешко печено месо. Пијалакот кој иде во комбинација со вечерата варира од едно до друго место, но најчесто се служи шампањско. Традиционалниот француски десерт на „La Reveillon“ е „Buche de noel“ – ролован сунѓерест колач (прикажан на сликата), направен да изгледа како паднат трупец дрво, а е декориран со печурки направени од матена белка и шеќер.

Божиќните трпези ширум светот

Перу

Уште на почетокот на декември во перуанските цркви се одржува настанот „Chocolatadas“. Користејќи пари донирани од граѓаните, организаторите на овој настан го печат колачот panettone и прават зачинето топло чоколадо во големи казани. Колачот и чоколадото им се служат на луѓето од пониска социјална класа, во знак на прославување на празникот. Главен оброк на трпезата е печена мисирка, гарнирана со свежо овошје, а се служи во комбинација со пире од јаболка, „tamales“ (вид мексиканско јадење) и разни видови салати, погачица, сладок леб марципан и колачот „pannetone“.

Божиќните трпези ширум светот

Литванија

Литванскиот божиќен оброк наречен „Kucios“ произлегол од паганските обичаи и голем број ритуали сè уште се одбележуваат. Специфично за него е што се состои од 12 различни видови јадења. Оброкот традиционално започнува кога првата ѕвезда ќе се појави на небото, која и најавува на мајката во секое домаќинство да скрши лепче за секој гостин. Според литванските обичаи, а и во останатите Балтички земји, едно место на масата секогаш останува празно. На трпезата не се служат месо и млечни производи. За главно јадење се служи риба (крап, харинга или штука) во комбинација со кисел зеленчук. Исто така, се служат и погачички т.н. „kuciukai“ (мали, слатки печива без квасец, со афионово семе) потопени во млеко од афионово семе, кое е омилено јадење за празникот. Исто така, во Литванија се верува дека секој оној кој ќе ја напушти Божиќната трпеза пред да завршат сите со јадење, ќе го следи несреќа.

Божиќните трпези ширум светот

Шпанија

Во текот на божиќните празници во Шпанија традиционално се јаде касно навечер. Така, на ноќта пред Божиќ, вечерата почнува некаде помеѓу 22 и 12 часот на полноќ. Оброкот обично започнува со разновидни мали сатчиња т.н. „tapas“ (прикажани на сликата), кои се сочинети од различни видови сирења, тиквички, шунка, маслинки… Супата од морски плодови е многу популарна за Божиќ, особено во крајбрежните региони. Се служи и бела шпаргла, како и јадења од разновидна морска храна, вклучувајќи „angulas“ (бебиња на јагула), „langostinos“ (морски ракчиња) и „besugo“ (печена морска риба од видот спариди). За десерт Шпанците обично јадат колачиња од марципан, шпански крофни т.н. „churros“ и „turron“ (колач во форма на цигла направен од мед, шеќер, печени бадеми и белки од јајца).

Божиќните трпези ширум светот

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Савица Reply

    Среќа што живимо у Македонију! xD

Остави коментар