Божиќни честитки за празничен спокој во душата

Божиќни честитки за празничен спокој во душата

Православните христијани денес го слават Бадник, а утре, Исусовото раѓање – Божиќ. За бадниковата вечер, целото семејство е дома на традиционална посна вечера со зелник, риба, посно гравче, тиква и лутеница, а според обичајот, оваа вечер не се оди на гости или како што останало да се вели „Каде и да сте, за Бадник дома да сте“.

Божиќни честитки за празничен спокој во душата

Според традицијата, граѓаните се трудат да стават сè што имаат на трпезата, за таа да биде богата во текот на целата година. Домаќинката меси погача со паричка, а оној кој ќе го скрши парчето во кое е ставена, според традицијата, ќе го следи среќа целата година. Богатата посна трпеза останува цела вечер на масата, а утрешниот ден се прави традиционален Божиќен ручек, во кругот на семејството. Еве неколку креативни идеи, да им ги честитате празниците на вашите најблиски.

Кога последната свеќа на Бадник догорува, слушни го Господ што ти зборува, следи го патот на срцето што те води, Среќен Божиќ – Христос се роди.“

Бадниковата вечер нека го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а божиќното утро нека ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и божји благослов!

Зора додека се руди, коледарска песна вас нека ве буди. Среќа и радост Господ нека дари, полна софра, а и многу пари. Сите да ве служи здравје, бадниковата вечера да ви е на здравје. Бериќет и к’смет во куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува!

Како што бадниковиот оган се ложи, во вашиот дом среќа да се множи. Нека светла ѕвезда во животот вас ве води, зашто денес е Божиќ – Христос се роди!“

Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди.“

Во телото здравје, во душата мир, во мислите спокој, во срцето младост. Честит Божиќ, ти испраќам полна вреќа радост!“

Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто, со добро ви се врати. Христос насекаде да ве води, среќен Божиќ, Христос се роди.“

На денешниот ден опрости им на твоите должници, подари им бакнеж на твоите ближни, помогни им на тажните. А на полноќ погледни кон небото и ќе видиш ѕвезда што оди, тогаш тивко речи ХРИСТОС СЕ РОДИ!“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар