Борба со 120 тони домати

„La Tomatina“ е најлудиот и најголемиот фестивал за тепачка со храна, кој секоја година традиционално се одржува во градот Бунол во областа Валенсија, Шпанија. Според пресметките, околу 35.000 луѓе од сите краишта на светот, учествувале на годинешниот фестивал кој се одржа на 31 август 2011 година, на кој се војуваше со 120 тона домати.Борба со 120 тони доматиСвоите почетоци, овој фестивал ги има уште во 1944 година. Тогаш млади луѓе кои сакале да учествуваат на некоја парада, започнале тепачка. Бидејќи во близина имало тезга со зеленчук, тие ги земале доматите и ги употребиле како оружје. Полицијата интервенирала за да ја прекине борбата и ги натерала виновниците да платат за настанатата штета. Следната година овие луѓе ја повториле тепачката, но овој пат си понеле домати од дома. Сепак полицијата повторно реагирала и ги разбркала. После неколкугодишно повторување на оваа тепачка, градот се согласил да се направи фестивал во таа чест. Борба со 120 тони доматиБорба со 120 тони доматиБорба со 120 тони доматиБорба со 120 тони доматиБорба со 120 тони доматиБорба со 120 тони доматиБорба со 120 тони доматиОва не е единствениот чуден фестивал во светот. Во Вестланд, Мичиген, оваа година во јули, 5.000 луѓе се валкаа во кал, одбележувајќи го 24-тиот ден на калта, додека пак во Полска, на вториот ден од Велигден, се фрлаше вода врз непознати минувачи по улиците во знак на т.н. „Мокар понеделник“.

———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар