Боите во сонот и нивното значење

Понекогаш сонуваме во боја, а понекогаш црно-бело. Секоја боја што ја сонуваме има свое значење. Обрнете внимание која боја доминира во вашите соништа и дознајте што таа симболизира.

Боите во сонот и нивното значење

Црна

Црната боја во сонот симболизира нешто непознато, неизвесно, опасност, темнина, мистерија, тага, смрт, омраза или злоба. Бојата во сонот поттикнува човек несвесно да се преиспита себеси, што доведува до подобро разбирање на самиот себе. Понекогаш може да значи дека ви недостасува љубов, поддршка и разбирање, но  не секогаш црната боја означува нешто лошо. Таа може да претставува потенцијал и можности, а доколку во сонот сте среќни, тогаш црната боја означува духовност и божественост.

Жолта

Ако сонувате убав сон, жолтата боја значи енергија, мудрост, склад и среќа, но ако сонувате кошмар тогаш таа означува предавство, срам, измама или болест.

Сина

Сината боја во сонот претставува вистина, мудрост, рај, верност, вечност и спокојство. Присуството на оваа боја во сонот го симболизира духовниот водач и оптимизмот за иднината, но може да значи и желба да отпатувате некаде. Сината боја во сонот, исто така може да означува и тага. Доколку во сонот сте облечени во сина облека, тоа е одраз на вашата креативност.

Златна

Златната боја е одраз на духовност, богатство, усовршување, напредок. Таа исто така ја означува и вашата решителност и непопустливост.

Сива

Сивата означува страв, депресија, болест и збунетост. Многу е веројатно да сонувате сивило бидејќи се чувствувате емоционално дистанцирани и изолирани. Во некои случаи, оваа боја може да симболизира изразена индивидуалност.

Зелена

Зелената боја означува позитивни промени, добро здравје, плодност, надеж, снага виталност, мир и спокој. Таа е симбол на вашата тенденција да постигнете сопствена независност. Оваа боја честопати се поврзува со пари, богатство и љубомора. Темно зелената симболизира материјализам и измама.

Бела

Токму како и во реалниот живот белата боја симболизира чистота, совршенство, невиност, достоинство, свест, нов почеток и мир.

Светло виолетова

Ако ја сонувате оваа боја, тоа значи дека треба да го очистите својот ум од негативните мисли и да почнете да размислувате позитивно.

Виолетова

Оваа боја значи духовност, прочистување, љубов, нежност и мир. Имате чувство на интуитивно разбирање и посебна блискост со луѓето во вашето опкружување.

Портокалова

Портокаловата боја означува надеж, љубезност, пријателство, дарежливост и дружељубивост. Кога ја сонувате оваа боја потсвесно сакате да ги проширите своите видици и да стекнете нови знаења.

Розова

Оваа боја во сон симболизира љубов, радост, среќа и добрина. Другото значење на оваа боја е незрелост или слабост, особено ако е во прашање љубовта.

Црвена

Црвената боја означува енергија, сила, интензивна страст, агресивност, храброст и импулсивност. Оваа боја има длабока емоционална и духовна конотација. Во негативен контекст, црвената боја укажува на недостаток на енергија, па веројатно се чувствувате уморно или летаргично. Во одредени ситуации може да значи и предупредување дека треба да престанете да се однесувате така како што се однесувате, или дека не можете да го имате тоа што го сакате.

Црно-бел сон

Црно-белиот сон навестува дека ви е потребна поголема објективност во донесувањето одлуки. Веројатно сте тврдоглави и контрастот на црно и бело покажува дека треба да воспоставите баланс помеѓу спротивставените погледи и мислења кои ги имате за животните прашања. Црно-белите соништа понекогаш можат да бидат знак на депресија и тага, но може да укажуваат и на тоа, дека во животот ви недостасува малку возбуда.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар