Блогот на Барни: Стинсоновиот календар

Сите ние многу добро го познаваме ликот на Барни Стинсон од ТВ серијата „Како ја запознав мајка ви“. Во текот на досегашните 8 сезони имавме можеби и повеќе од доволно шанси да видиме како тој размислува, кои се неговите техники за запознавање девојки и како поточно изгледаат најпознатите американски празници во неговите очи. Во наредниов извадок од неговиот познат блог ќе можете подетално да ги запознаете најдобрите денови во годината за наоѓање девојки…

Календар за 37 П.Б (после Барни) 2012

Блогот на Барни: Стинсоновиот Календар

„Само што додадов нов празник во мојата календарска година: Бангтоберфест! Сè до овој момент имаше долг сушен период помеѓу Ин-да-пен-денс Деј и Слатовин. Три долги месеци без некоја посебна причина да пронајдете девојки… секако освен обичните причини како: гради, навистина големи гради и ако-ги-подзатворите-очите-таа-некако-ве-потсетува-на-вашата-учителка-од-трето-одделение. Но, не повеќе! Сега Бангтоберфест ја пополнува оваа празнина (како и празнинните на многу среќни девојки во иднина).“

Desperation Day – 13 февруари

Денот на очајот е почетокот на Стинсоновата година. Тоа е еден ден пред денот на вљубените и според досегашните истражувања токму на овој ден можете најлесно да најдете девојка за секс за една вечер.

Mardi Bra – 22 февруари

Тоа е утрото по „Марди Гра“. Благодарение на авантурите од претходната вечер, многу девојки по будењето сфаќаат дека нивниот градник (bra) не е на своето место. Според статистиките, ова е најдобриот ден да уловите малку проѕирна акција на женските гради. Вистинска приказна.

May Day – 1 мај

Денот кога секоја девојка мора да одговори на кое било прашање со „Да, ти можеш“ (Yes, you may). Повелете и друг пат господа.

My Father Doesn’t Love Me Day – 17 јуни

Повеќе познат како „Денот на таткото“ за граѓаните, тоа е најдобриот ден да забележите девојка која има желба да го прослави празникот заедно со вас во одделот за честитки во вашиот локален маркет. Тоа е таа која плаче додека чита „лигави“ честитки на кои пишува како таткото треба „секогаш да биде тука за вас“ или како тој „секогаш треба да сака да ве прегрне“ или пак, дека треба „секогаш да ве расположи кога сте тажни, како тогаш кога ја заборавил вашата матура и покрај тоа што ви ветил дека за вас ќе се отрезни и ќе дојде“.

In-da-peen-dence Day – 4 јули

Поставете го вашето „тајно оружје“ во густа шума и чекајте го огнометот на „Денот на независноста“!

Bangtoberfest – 8 октомври

Денот кога се оддава почит на враќањето на Барни кој е сингл. Се слави со пиење скоч, носење вратоврска со еден Виндсор чвор и имање секс со самохрана мајка во единечен кревет.

Slutoween – Најблиската сабота до 31 октомври

Ова е вашата единствена можност во текот на една година да запознаете „жешки“ девојки од сите краеви кои под влијание на „Halloween“ успеваат секоја маска да ја направат во секси издание.

Thanks-giving-it-up – 22 ноември

Време е да сетите колку е важна благодарноста. Излезете и пронајдете девојка која е „4-ка“.

XXXmas, Ha-nookie, Kwanzaa-come-back-to-my-place – во текот на цел декември

Одберете еден од овие добри празници или пак, славете ги сите три. Најважното нешто што треба да го запомните е дека без разлика дали станува збор само за една вечер или пак за седум, вие ќе најдете посебни девојки кои доброволно ќе сакаат да го отпакуваат вашиот пакет.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар