Би платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?

Ви недостига ли малку адреналин во вашето здодевно секојдневие? Доколку џебот ви е длабок и сакате да ја уништите монотонијата, имате ексклузивна можност да ѝ платите на француската компанија „Ultime Realite“ да ве киднапира, чисто онака за разонода. Кој го гледал филмот „The Game” (1997) со Мајкл Даглас, веднаш ќе се сети за што станува збор.

Би платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?

30-годишниот Жорж Зиксус од Франција ја основаше оваа компанија уште пред 3 години, која зa 1.300 американски долари нуди основен пакет: сосема неочекувано ве киднапираат непознати луѓе, ве сместуваат во багажник, а потоа неколку часа ве држат на непозната локација.

Оние со подлабок џеб, кои сакаат да се почувствуваат како во вистински крими- филм од Холивуд, можат да си нарачаат и поекстремно искуство, кое предвидува подолго сценарио со пострашно искуство, вклучуваjќи бркотници со хеликоптери и бродови.

Клиентите можат сами да си одберат сценарио, а при нарачката потпишуваат договор дека киднапирањето може да се случи кога било. „Киднаперите“ ќе ве следат неколку дена и кога најмалку ќе претпоставувате, во погоден момент за нив, ќе ве начекаат на улица или на друго место и ќе ве киднапираат.

Би платиле ли 1.300 долари за да ве киднапираат?

На сајтот на компанијата пишува: „Ќе поминете низ вистинска сензација од насилство, терор и страв, кои се јавуваат во реалното киднапирање. Тоа е психолошки шок кој нема лесно да го заборавите.“

Искуството го споредуваат со некои други екстремни спортови како што се скокање со банџи и слободно паѓање од авион со падобран.

Никој во текот на киднапирањето не е повреден, бидејќи тоа не е дел од планот. Ние заеднички размислуваме за физичките и психолошките ограничувања. Она што јас го нудам е тотално контролирано искуство, кое овозможува да ја проширите вашата лична визија. Сѐ е возможно. Јас го идентификувам она што мојот клиент го сака и потоа се трудам истото да го претворам во акција. Се разбира, доколку клиентот во одреден момент почувствува дека ги надминал границите на неговата издржливост, може да ја прекине играта, служејќи се со претходно договорената лозинка. Може да се каже дека целта на оваа компанија е да се допре до најголемиот страв на клиентот, она што се прикрадува од крајот од неговиот ум, она за коешто никогаш не се осудил да зборува гласно.“ – вели Рожер

Компанијата нуди и други специфични услуги како што се: да бидете преводници во потера по бегалец, да бидете следени од ловци на награди, да присуствувате на сопствениот погреб, да поминете една ноќ во мртовечница или да си го испробате талентот за некои „сиви“ бизниси, како на пример шверц на дрога.

Оваа компанија нуди пакет од искуства, кои звучат освежувачки. Нешто што секојдневните луѓе можеби нема никогаш да го искусат. Но, нивната работа не е толку воодушевувачка за сведоците или луѓето кои поминуваат во близина во текот на „киднапирањето“ и немаат поим дека станува збор за лажен настан. Сервисот не е стриктно илегален, но портпарол од француската полиција изјавил дека компанијата ќе мора да ги предупредува локалните надлежни органи, за да нема вознемирувачки повици од сведоците.

Според француската полиција и кривичниот закон, не постои причина да го забраниме сервисот, бидејќи жртвата го одобрува настанот, што значи дека не се случува криминал. Но да, работите можат да се искомплицираат доколку некој пријави киднапирање и полицијата се вмеша.“ – објаснува портпаролот


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар