Би го посетиле ли ова митско кафуле со сирени?

Ништо не може да ви го стопли срцето како топла шолја кафе и вашето омилено митско суштество. Благодарение на кафулето Остров на сирените (Mermaid Island Cafe), вие сега можете да ги поврзете двата света без да одите на подводни авантури. Со други зборови, можете да бидете сирени на копно, да уживате во вкусни пијалаци и да ги одморате очите со прекрасните бои околу вас.

Погледнете ги само боите што се преливаат пред вас!

(1) bi-go-posetile-li-ova-mitsko-kafule-so-sireni-www.kafepauza.mk

Зарем има подобар начин за пиење ванила фрапе?

(2) bi-go-posetile-li-ova-mitsko-kafule-so-sireni-www.kafepauza.mk

Дали овие колачиња во форма на школки со бисери ве привлекуваат повеќе од сè на светот?

(3) bi-go-posetile-li-ova-mitsko-kafule-so-sireni-www.kafepauza.mk

И зарем сте виделе повкусно послужен оброк од овој?

(4) bi-go-posetile-li-ova-mitsko-kafule-so-sireni-www.kafepauza.mk

Секако, за целосно да се впуштите во искуството, треба да ја носите опашката на сирената што ви ја даваат на влезот

(5) bi-go-posetile-li-ova-mitsko-kafule-so-sireni-www.kafepauza.mk

Единствената маана на овој ресторан е неговата локација – тој се наоѓа во Тајланд. Но ако патиштата ве водат натаму, или пак, веќе сте таму, тогаш имате среќа! Дури и да не планирате да го посетите Тајланд, не можеме да замислиме подобра причина од ова кафуле за веднаш да ги спакувате вашите куфери. Се согласувате?

(6) bi-go-posetile-li-ova-mitsko-kafule-so-sireni-www.kafepauza.mk

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар