Би чувале ли мечка како домашно милениче?

Велга Витола за малото напуштено мече Илзите направила место во својот дом кој се наоѓа во густата шумска област во Летонија. Таа ѝ дозволила да си игра со нејзините деца, да им се придружи на семејните прошетки, па дури и да спие во нејзиниот кревет.Би чувале ли мечка како домашно милениче?Погледнете го ова кратко видео за да дознаете зошто на „Гордоста на Летонија“ – најголемиот национален настан кој е посветен за непознатите херои, оваа жена ја добила награда за „Најмилото срце“:

Страсниот љубител на животни вели дека нејзината фамилија ја смета како дел од нив, додавајќи:

„Јас одгледав три деца – син, ќерка и мечка.“

Всушност таа чувала две мечиња, но едното починало. По 10 години Илзите сè уште е жива и има необично цврста врска со целото семејство, посебно со Велга.

„И двете мечки кои ги чував израснаа во куќата. Тие секое сабајле ги будеа моите деца за на училиште. Излите сака да ми дава бакнежи мене, на нејзината мајка… Секој друг човек во оваа ситуација би можел да ја изгуби главата. Ние меѓусебно се сакаме.“

Би чувале ли мечка како домашно милениче?Велга се сомнева дека нејзината сакана Илзите пораснала мислејќи дека е човек, а не мечка.

„Во една ситуација таа го виде својот израз во огледалото и почна да испушта гласни звуци, силни како гром, незнаејќи дека тоа е нејзиниот одраз. Таа мисли дека изгледа како мене – нејзината мајка.“

Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Но, Илзите не е единственото чудно милениче кое Велга (која ја нарекуваат мајка на сите животни) го вдомила. Нејзиниот двор е преполн со диви животни почнувајќи од ежиња, па сè до еленот Фреди.

„Еднаш ме разбудија неколку диви гуски кои беа во мојата спална соба,“ вели таа.

Добронамерната 55-годишна Велга вели дека нејзиниот начин на живот е совршен за неа. И покрај тоа што нејзината мајка ѝ велела дека е луда и дека може да умре ако се пресели таму, таа ѝ рекла дека на тоа место се наоѓаат нејзините најсреќни моменти, дека шумата ја исполнува и дека верува дека тоа е нејзиното место на овој свет.Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Мечката Илзите денес има 10 години и бидејќи е многу голема мора да живее надвор од домот. Но, тоа не ја спречува редовно да ѝ прави друштво на својата „мајка“ за време на прошетките низ шумата.

„Еднаш кога таа имаше 1 година додека се шетавме налетавме на вепари од кои многу се плашеше. Таа ги гушна моите нозе и почна да им ’ржи. Се чувствуваше сигурна бидејќи мајка ù беше таму. А јас ù реков: Луда мечко, јас прва ќе почнам да бегам.“

Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Велга вели дека ѝ се потребни тие моменти, како и бакнежите и прегратките за да биде среќна. Таа исто така вели дека луѓето знаат да бидат дволични, но животното секогаш е самото себе.

„Ние можеме многу да научиме од нив,“ вели таа.

Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?Би чувале ли мечка како домашно милениче?


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар