Безобразни папагали пијат туѓ милкшејк

Група стрвни австралиски шарени папагали, се потепале да вкусат од чоколадниот милкшејк на едно девојче, во кафуле во Квинсленд, Австралија. Особено бил дрзок еден од папагалите, кој не ни помислувал да го подели вкусниот десерт со неговите пријателчиња. Сепак тој морал да попушти, кога едно чудо папагали, му се придружиле на по некоја голтка. :)Безобразни папагали пијат туѓ милкшејкБезобразни папагали пијат туѓ милкшејкКрадците на милкшејкот биле уловени од британскиот турист Кит Докси, кој го купил пијалакот за неговата внука. Папагалите од врстата лорикит, ја искористиле приликата кога шејкот бил оставен сам, во период од само една минута и набрзо се собрало цело друштво од 30 летачки пријателчиња. За помалку од десет минути, тие го испиле целиот милкшејк. Безобразни папагали пијат туѓ милкшејкБезобразни папагали пијат туѓ милкшејкБезобразни папагали пијат туѓ милкшејк52-годишниот Кит бил во кафулето „The Polish Cafe“ со неговата сопруга, кога ова се случило:

Беше неверојатно. Тие сосема го вшмукаа пијалакот и сите меѓусебно се туркаа и бореа, за да дојдат побрзо на ред. Требаше да претпоставиме дека тоа може да се случи, бидејќи неколку минути пред тоа, папагалите ни ги собраа шеќерчињата кои ги имавме на нашата маса и одлетаа заедно со нив. Од кафулето ни рекоа дека се навикнати ова да се случува и дека папагалите се многу досадни и воопшто не се плашат од луѓе.“

Безобразни папагали пијат туѓ милкшејкБезобразни папагали пијат туѓ милкшејкБезобразни папагали пијат туѓ милкшејк

Јас мислев дека ќе имаат проблем да стигнат до дното од чашата, но тие едноставно ги пикнаа нивните глави внатре, најдлабоко што можат. Изгледаше речиси како да се пуштил муабет меѓу папагалите за пронајдениот милкшејк, бидејќи постојано доаѓаа нови и нови. И покрај нивното безобразно однесување, тие се навистина специјални птици за гледање и фотографирање. Имам интерес за птици, бидејќи татко ми одгледуваше зелени папагалчиња, а и јас чувам едно такво дома како милениче. Но, никогаш претходно немав видено вакво нешто, беше навистина неверојатно!“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар