Бесцелниот живот на еден алкохоличар

4 март, 2011 2 коментари од Кристина Шумадиева

Drawing inspiration е шармантен краток анимиран филм, за среќните случајности во животот и длабоката желба за надминување на чувството на бескорисност.Бесцелниот живот на еден алкохоличарАлкохоличар, помирен со неговата судбина и „заглавен“ во неговото рутинско секојдневие со шишето вино во рака, пронаоѓа мистериозни цртежи на клупата во паркот, на која седи секој ден. Овие цртежи почнуваат да му ги „скокоткаат“ мислите и од тој момент тој започнува да го забележува светот околу себе и неговото место во него.Бесцелниот живот на еден алкохоличарТој сретнува младо момче, чија невина љубопитност и жед за разбирање на светот, го охрабрува и му помага да се ослободи себеси од самоуништувачкиот десоцијализиран живот. Безгрижниот детски живот успева да „отклучи“ сегмент од неговиот карактер кој го имал заборавено многу одамна.

Ова инспиративно видео ќе ви ја разнежни душата, ќе ви предизвика блага насмевка на лицето и ќе ве натера со поголема јачина да го „вдишувате“ светот околу себе додека ги извршувате секојдневните обврски.

Краткиот филм е во режија и сценарио на Тим Мекурт и Весли Луис, а приказната е на Стив Стемп.

Liked this article? Read another similar article.

Поврзани содржини:

Занимливости, Филм, Филм и ТВ

Tags: , , , , , , , ,

2 коментари за “Бесцелниот живот на еден алкохоличар”

  1. A.Westwick says:

    Одлична приказна!!

  2. Мирна says:

    Совршено!

Остави коментар

Прочитајте повеќе:
Французинки живеат во ладна пештера
Французинки живеат во ладна пештера

Како да подготвите еспресо во мока-ѓезве?
Како да подготвите еспресо во мока-ѓезве?

Снаодлив орангутан се брише со мокра крпа за да се спаси од горештината
Снаодлив орангутан се брише со мокра крпа за да се спаси од горештината

Close