Белиот џеб – скриено дело на природата

Природата одамна нè научи дека нејзините најубави дела љубоморно ги чува подалеку од допирот на човекот, па таков е и случајот со ова несекојдневно место познато по својата уникатност, но и изолираност. Белиот џеб (White Pocket) е геолошко чудо сместено во пустинското пространство на Vermilion Cliffs во Аризона. Своето име го има добиено благодарение на белиот површински слој од камен кој го прекрива црвениот песочник и на тој начин на места создава импресивни форми и нијанси.

Геолозите имаат неколку објаснувања за тоа како настанал Белиот џеб, но најголем дел од нив веруваат дека станува збор за огромно лизгање на песок кое било предизвикано од земјотрес. Големата брзина на движење ги предизвикала необичните форми, а составот на песокот и карпите додава неверојатна текстура и шаренило од бои. Посетителите тврдат дека овој авантуристички предизвик нуди неповторливо чувство и уникатно искуство.Белиот џеб - скриено дело на природатаБелиот џеб - скриено дело на природатаБелиот џеб - скриено дело на природатаБелиот џеб - скриено дело на природатаБелиот џеб - скриено дело на природатаБелиот џеб - скриено дело на природатаБелиот џеб - скриено дело на природата


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Од кога паметам вљубена сум во играта на зборовите и за мене нема поинтимен момент од оној кога сум сама со мислите пред празен лист хартија. Го ценам друштвото на убава книга, квалитетна музика и шолја турско кафе. Сакам стари предмети и ретро фотографии, особено оние кои со себе носат приказна. Дипломиран економист кој студиите ги преживеа благодарение на зависноста од чоколадо.

Поврзани содржини

Остави коментар