Белградски папагал научил да лае како куче

Еден жолт папагал кој живее во ординацијата на ветеринар од Белград, секојдневно е изложен на лаежите и цвилењата од кучињата. Тоа не е чудно, бидејќи неговиот сопственик е специјализиран токму за лекување на кучиња. Поради таквото окружување, и самиот почнал чудно да се однесува. Си замислил дека е пес, па започнал да ги имитира неговите четириножни пријатели. Е тоа е папагалската работа! :)




Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар