Австралија е на пат да стане првата држава што ќе го искорени ракот на грлото на матката

Австралија е на пат да стане првата држава што ќе го искорени ракот на грлото на матката

Австралија може да стане првата држава во која ќе се искорени ракот на грлото на матката. Со напорна работа, научниците сметаат дека ракот на грлото на матката може да стане болест од минатото.

Австралија е на пат да стане првата држава што ќе го искорени ракот на грлото на матката

На секои 2 минути умира по една жена како резултат на оваа болест. Во 99,9% од случаите, болеста е предизвикана од човечкиот папиломен вирус (ХПВ). Благодарение на масивната програма за вакцинирање на чија мета е оваа инфекција, појавата на ХПВ кај жените во Австралија на возраст од 18 до 24 години се намалила од 22,7% на само 1,5% во последните 10 години. Ова се резултатите од истражувањето објавено во Журналот за заразни болести.

Оваа вакцинација, во комбинација со редовните прегледи, ги тера истражувачите да предвидат дека ракот на грлото на матката речиси и да нема да постои во Австралија за неколку децении.

„Сметам дека во текот на наредните 30 до 40 години, бројот на случаи со рак на грлото на матката ќе падне од моменталните 930 случаи годишно во Австралија, на само неколку“, изјавила професорката Сузан Гарланс, директор на Центарот за женски инфективни болести.

„Истражувањето покажува намалување на бројот на случаи со ХПВ кој предизвикува рак. Сепак, поради временската разлика помеѓу развивањето ХПВ и развивањето на ракот, очекуваме да поминат уште неколку години пред да видиме нагло намалување на бројот на пациенти со рак на грлото на матката“, додава таа.

Неверојатно, но само 53% од жените во Австралија се вакцинирани против ХПВ. Сепак овие неверојатни резултати се поради „ефектот на стадо“, познат и како „имунитет на стадо“. Ова е вид имунитет што се појавува кога вакцинацијата на одреден дел од популацијата го намалува ширењето на една болест, до тој степен што ги штити и луѓето коишто не се вакцинирани. Покрај тоа, на некој начин сите сексуално активни луѓе доаѓаат во контакт со ХПВ.

„Нашата национална програма за имунизација на ХПВ за мажи и жени, во комбинација со прегледите за рак на грлото на матката, значи дека сме на добар пат да бидеме првата држава која ќе се ослободи од овој смртоносен рак.“

Голем број држави низ светот имаат програма за вакцинација која им е достапна на жените и која е целосно финансирана од државата. Иако бројот на случаи со ХПВ и рак на грлото на матката останува голем во државите во развој, истражувачите се надеваат дека нивните истражувања ќе ја нагласат важноста на овие програми за вакцинација.

„Ефективноста на вакцината и пониската цена, ќе ни овозможат да ја елиминираме болеста и во посиромашните држави.“

Прочитајте ги и вистините кои треба да ги знаете за ракот на грлото на матката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар