Авион трансформиран во детска градинка

Во грузискиот град Рустави, еден стар, но функционален авион од типот Yakovlev Yak-42 е целосно трансформиран во детска градинка. Главниот учител Gari Chapidze го купил овој авион од грузиската авиокомпанија „Georgian Airways“ и организирал да го транспортираат до градот Рустави.

Авион трансформиран во детска градинка

Таму го реновирал ентериерот и го надополнил со едукативна опрема и разни детски играчки, но ги оставил недопрени механизмите за управување во пилотската кабина, за да послужат како играчки за дечињата. Има околу 1.500 копчиња во малата кабина, во која 15 деца од градинката, можат да си играат и да глумат вистински пилоти кои се подготвуваат за полетување.

Авион трансформиран во детска градинка

Реновирањето на авионот траело неколку месеци и професорот бил загрижен дека на луѓето можеби нема да им се допадне неговата необична идеја за забавување на децата, но уникатната „градинка“ набрзо станала хит и кај родителите.

Авион трансформиран во детска градинкаАвион трансформиран во детска градинка

Негувателите во градинката се надеваат дека оваа забавна околина во која има толку многу копчиња и алатки за „управување“, ќе им помогне на децата да ги развијат нивните технички способности.

Авион трансформиран во детска градинка

Идејата беше да создадеме градинка во која децата ќе доаѓаат со задоволство. Понекогаш, децата имаат тешкотии да се навикнат на градинките и на новата средина. Решивме да им помогнеме во тоа, правејќи ја градинката забавна.“ – вели директорот на Институтот за грузиско-украински односи со јавност, кој управува со оваа авио-градинка.

Авион трансформиран во детска градинка

Навистина, ова е добро промислен начин да се поттикне креативноста кај децата и развојот на образованието од најмалата возраст.

Авион трансформиран во детска градинкаАвион трансформиран во детска градинкаАвион трансформиран во детска градинкаАвион трансформиран во детска градинка


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар