Авантурист се вивна во небото сосе куќа која лета на балони

Авантуристот Џонатан Трап од Роли, Северна Каролина, САД, успешно вивна куќа со балони во небесната широчина, на височина од 6.096 метри, исто како во анимираниот филм на Пиксар „Up“. Инспириран од филмот, тој прикачил на куќата балони полни со хелиум и полетал од Леон, Мексико.Авантурист се вивна во небото сосе куќа која лета на балониАвантурист се вивна во небото сосе куќа која лета на балониТој е професионалец во летање со хелиумски балони и е првиот човек кој со помош на балони го прелетал Ла Манш, но сега е подготвен за нова авантура. Тој вели дека сака да го прелета Атлантскиот Океан, а крајната дестинација, односно слетувањето да му биде во Франција. Планира со помош на 365 хелиумски балони да го направи полетувањето, кои ќе бидат прикачени на чамец за спасување долг два метри, за да преживее доколку евентуално падне во вода.Авантурист се вивна во небото сосе куќа која лета на балониАвантурист се вивна во небото сосе куќа која лета на балониАвантурист се вивна во небото сосе куќа која лета на балониОвој подвиг е сон на Трап со децении и е поприлично скапа работа, ако се земе предвид дека за реализација му се потребни 299.999 долари за 3.007 метри кубни хелиум. Собирањето пари трае уште помалку од еден месец и доколку ова се реализира, ќе се снима и документарен филм за неговата авантура.Авантурист се вивна во небото сосе куќа која лета на балониАвантурист се вивна во небото сосе куќа која лета на балониАвантурист се вивна во небото сосе куќа која лета на балониПогледнете го неговото тест возење во Мексико, подготвувајќи се за големата авантура над Атлантскиот Океан.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар