Аурора аустралис – јужни светлини

Автор: marfi

Аурора аустралис или јужните светлини се смирувачки, динамични дисплеи од светлина кои се јавуваат на небото над Антарктикот во зима, како и во Нов Зеланд, Австралија и Јужна Америка. Тие се всушност како лајт-шоу на природата, визуелна поезија од атмосферските гасови. Оние коишто биле сведоци на ваква глетка, со сигурност можат да потврдат дека многу малку глетки може да се израмнат со магијата и мистеријата на овие бои кои се појавуваат на антарктичкото небо.

Аурора аустралис - јужни светлини

Што е Аурора аустралис?

Аурора е заедничкото име на светлината од фотоните емитувана од атомите, молекулите и јоните кои се наелектризирани од разни партикули (најчесто електрони) кои патуваат низ магнетското поле на повисоката атмосфера на Земјата. Како резултат на интеракцијата меѓу соларниот ветер (соларна плазма) и магнетското поле на Земјата, се јавува Аурора.

Овие судари произведуваат електрични празнења кои ги исполнуваат атомите со кислород и азот, кои ги даваат разните бои на светлината. Магнетските полиња на Земјата ги насочуваат овие празнења кон половите, а пак активноста на Сонцето и короналните дупки ги зајакнуваат празнењата на електроните од кои пак зависи интензитетот и траењето на дисплеите.

Аурора аустралис - јужни светлини

Колку трае?

Активната фаза може да трае 15-40 минути и повторно да се појави два-три часа подоцна. Траењето и интензитетот зависи од локацијата на која се појавува оваа светлина на јужниот пол.

Аурора аустралис - јужни светлини

Какви се боите?

Дисплеите може да се појават во многу бои, а бледо зелената и розовата се најдоминантни. Забележани се и сенки од црвена, жолта, зелена, сина и виолетова. Разните атоми на гасовите даваат различна боја. Атоми од наелектризиран кислород даваат црвена боја, јони од азотот даваат виолетова. А комбинацијата од овие гасови даваат белузлав изглед. Овие варијации зависат од висината, композицијата и густината на јоните на одредената висина.

Аурора аустралис - јужни светлини

Колку е оддалечена Аурора аустралис?

Генерално, лакот на аустралис е во пониските граници на околу 113 км во висина. Ако долната граница е со розова боја, тоа значи дека висината е пониска, околу 80 метри, а ако има црвеникава боја тоа значи дека аустралис е во висина од над 240 км.

Аурора аустралис - јужни светлини

Во какви форми може да се јави?

Аустралис може да се јави во многу форми – столбови, снопчиња, ореоли од вибрирачки бои. Се простира од исток кон запад, а формата најчесто зависи од бројот на наелектризирани електрони во атмосферата и интеракцијата на електричните празнења и магнетните полиња. Ако ги има доволно, лакот на аустралис може неколку пати да ја промени формата и бојата.

Аурора аустралис - јужни светлини

Погледнете го прекрасното видео за појавата на Аурора бореалис во Северна Русија.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Knowing Reply

    Australias ? Da ne e slucajno Borealis ?

    • Кафе пауза Reply

      Тие се северни светлини и се појавуваат на другата страна на земјината топка.

  2. Звонко Reply

    Зошто го користите само англискиот назив за појавата која ние ја викаме „поларна светлина„?

Остави коментар