Арапски ресторан казнува за недојаден оброк

Фрлањето на храната која не можеме да ја дојадеме, не го сметаме за некоја голема работа, бидејќи мислиме дека тоа го правиме „само овојпат“. Но, во реалноста сите ние сме виновни и неблагодарни за она што можеме да си го овозможиме во животот, нарачувајќи премногу јадења од менито во рестораните, за кои сме свесни дека не можеме реално да ги изедеме, ама ете чисто онака, сакаме да пробаме каков е нивниот вкус.Арапски ресторан казнува за недојаден оброкИнспириран од ваквото однесување на луѓето, сопственикот на еден арапски ресторан почнал да им наплаќа повеќе пари на неговите муштерии, доколку тие нарачуваат повеќе храна отколку што можат да изедат. Fahad Al Anezi, сопственикот на ресторанот „Marmar“ лоциран во градот Дамам во Саудиска Арабија, вели дека тој се решил на ваков чекор, со обид да го спречи фрлањето на храната и да го намали прекумерното непотребно нарачување. Тој објаснува дека честопати бил сведок кога негови муштерии нарачуваат енормни количини храна, се цел да ги импресионираат луѓето околу нив.

Идејата со казната за оставената храна по чиниите, наместо да го направи ресторанот непопуларен, е всушност поддржана од арапите. Неколку муштерии веќе му кажале дека си ја научиле лекцијата и дека отсега па натаму, ќе нарачуваат онолку храна колку што можат да изедат.

Инаку идејата за ваквата необична казна, сопственикот ја добил откако ги чул вестите од Сомалија за луѓето таму, кои буквално гладуваат до смрт. Парите коишто се собираат од казните, тој ги донира таму, за да придонесе кон спасување на оваа гладна нација. Поради тоа, Al Anezi почнале да го нарекуваат Робин Худ во угостителството.

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм, астрологија или прошетка во природа во добро друштво. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар