Англискиот јазик е толку нелогичен поради…

Колку и да осудуваме некого за лош изговор, факт е дека правописот на англискиот јазик и не е баш така логичен. На пример, во зборот „goddamn“, буквата „n“ се пишува, но не се изговара. Се чини дека има причина зошто ова е така, а за уште такви причини и примери, прочитајте во продолжение.

(0) angliskiot-jazik-e-tolku-nelogichen-poradi...-kafepauza.mk

1. Гласовите „O“ и „U“ понекогаш се изговараат исто

Толку сме свикнати на пишување, што веќе и забораваме на шизофреничката природа на буквата „o“. Го имате зборот „con“, каде „о“ звучи како „aw“, а веднаш потоа наидувате на „son“, каде истиот глас се изговара како „u“. Тука се и зборовите „comb“ и „tomb“, каде имаме сосема различен изговор на истиот глас „o“.

(1) angliskiot-jazik-e-tolku-nelogichen-poradi...-kafepauza.mk

Зошто е тоа така?

Причината се сведува на размачканите пишани ракописи од средниот век, кога буквите од еден збор се пишувале во вертикални линии, па кога мастилото ќе се размачкало настанувала збрка. На пример, буквите „in“, „ni“, „m“ изгледале сосема исто, бидејќи хоризонталните линии биле речиси невидливи поради проблемите со мастилото. На размачканите ракописи еден ист збор изгледал како „animal“ и како „annnal“. Иако решението за овој проблем било да не се користи веќе гласот „u“ за изговарање на зборовите „some“, „love“ и „come“, сепак тоа не успеало. Затоа и кога гласот „o“се наоѓа до „m“ или „n“, како во зборовите „monkey“ и „ton“, „o“ се чита како „u“.

2. Академски промени во зборовите

Сигурно сте наишле на зборови во англискиот јазик каде одреден глас не се изговара, како „receipt“ или „debt“. И за ова има интересно објаснување: наставниците по англиски ве мразат и сакаат да го паднете испитот.

(2) angliskiot-jazik-e-tolku-nelogichen-poradi...-kafepauza.mk

Зошто е тоа така?

Во 16-от век, оние кои ги составувале речниците решиле да стават „b“ во зборовите „debt“ и „doubt“, за да ги потсетат сите дека потекнуваат од латинскиот збор „debitum“, иако нивното изговарање како „dette“ и „doute“ имало многу повеќе логика. Академските кругови го направиле истото и со зборот „receipt“, кој потекнува од латинскиот „recepta“, а кој на стар англиски се пишувал „receit“. Затоа, што повеќе латински, толку поакадемски.

3. Разликувањето на „-el“ и „-le“ е дел од традицијата

Некои зборови што завршуваат на „L“ и чиј краен слог се изговара исто, сепак различно се пишуваат. Оттука имаме „-el“ („novel“, „level“, „cancel“) и „-le“ („little“, „cable“, „purple“).

(3) angliskiot-jazik-e-tolku-nelogichen-poradi...-kafepauza.mk

Зошто е тоа така?

Повеќето зборови кои завршуваат на „-el“, порано имале акцент кој паѓал на последниот слог од зборот, па така „angel“, се изговарал „ang-EL“. И покрај еволуцијата на јазикот, ваквата практика се задржала сѐ до денес. Не постои никаква естетска, практична или етимолошка причина зошто тоа е така. Едноставно, зачувување на традицијата.

4. Изговорот на „colonel“

Зборот „colonel“ веројатно има најчуден изговор од сите зборови во англискиот јазик. Почетното „c“ и последните три букви се во ред, но што ли бара тоа „olo“ во средината на зборот.

(4) angliskiot-jazik-e-tolku-nelogichen-poradi...-kafepauza.mk

Зошто е тоа така?

Зборот „colonel“ доаѓа од италијанскиот збор „colonnella“, што значи „мала колона“. Потоа зборот се раширил во Франција и станал „colonelle“. Така, зборот под странско влијание конечно прераснал во едвај препознатливиот „coronel“. Во англискиот јазик бил воведен токму во таа верзија и изговорот бил сосема логичен. Но, кога Англичаните се префрлиле на „стандардниот“ правопис, зборот се пишувал „colonel“, со тоа што го задржал стариот изговор. Па така, сега имаме збор којшто наликува на „colonial“, а се изговара како „kernel“.

5. „I пред E“ и други глупави правила настанале поради една војна

Сигурно го знаете правилото за пишување „i“ пред „e“, кое веднаш е проследено со исклучоци како: „either“,„neither“, „weird“, „protein“… и веројатно уште десет илјади такви примери.

(5) angliskiot-jazik-e-tolku-nelogichen-poradi...-kafepauza.mk

Зошто е тоа така?

Во 11-от век, англискиот јазик развил свои стандардизирани правописни правила, кои имале совршена фонемска ортографија, односно за секоја буква имало одреден глас, и таа секогаш исто се изговарала без разлика на соседните букви и без разлика на зборот во кој се наоѓала.

Подоцна, во 1066-та година, се случило нормандиското освојување на Англија. Вилијам Освојувачот нападнал со војска составена од Французи, Нормани и Бритонци, кои ги воспоставиле латинскиот и францускиот јазик како стандардни јазици низ Британските острови. Многу француски и латински зборови биле воведени во англискиот јазик. На пример зборовите „seize“ и „siege“, на француски имале различен изговор, но таа дистинкција не е зачувана. Денес, самогласките во овие два збора се изговараат исто.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар