Анализата на крвта од 115-годишна жена помага во откривање на тајните на стареењето

Анализата на крвта од 115-годишна жена помага во откривање на тајните на стареењето

Хендрикје ван Андел-Шипер во 2005 година починала на возраст од неверојатни 115 години, правејќи ја една од најстарите луѓе во светот. За жена на нејзини години, таа била во исклучително добра здравствена состојба. Хендрикје исто така била доволно фина за да го донира своето тело на науката и научниците со нетрпение чекале да откријат нешто повеќе за неа што би можело да им помогне да го разберат стареењето. Поточно, истражувачите од Медицинскиот центар на Универзитетот ВУ во Амстердам сакале да дознаат нешто повеќе за мутациите во соматските клетки кои се насобираат како што старееме.

Мутациите пронајдени во крвта на 115-годишна жена можат да помогнат во откривање на тајните на стареењето

Хендрикје ван Андел-Шипер

Во студијата која била објавена во Журналот „Истражување на геномите“, тимот истражувачи пронашле 450 соматски мутации во нејзините здрави бели крвни зрнца. Уште поинтересно, овие мутации изгледале како навидум безопасни мутации-патници, за разлика од оние кои се поврзуваат со болестите.

Грешките во репликацијата на ДНК-та често настануваат со поделбата на клетките, но поголемиот дел од времето се отстрануваат како мутации кои водат кон одредена болест. Фактот дека овие мутации не се поврзани со никаква болест сугерира дека нејзиното тело било многу ефикасно при отстранувањето на овие безопасни мутации и ни демонстрира голем број мутации кои можат да бидат толерирани во нормалното и здраво ткиво.

Понатамошните истражувања покажале дека поголемиот дел од нејзините бели крвни зрнца настанувале од само 2 матични клетки. Ова откритие ни укажува дека нејзиниот базен од матични клетки бил скоро потрошен имајќи го на ум фактот дека сите ние за време на раѓањето имаме околу 20.000 матични клетки.

Тие исто така откриле и дека теломерите (заштитните капачиња на крајот од хромозомите) во нејзините бели крвни зрнца биле екстремно кратки, околу 17 пати пократки од оние кои биле пронајдени во нејзините мозочни клетки. Скратувањето на теломерите е природен и постепен процес кој настанува со делењето на клетките. Но, кога одреден момент ќе биде достигнат, клетките почнуваат да умираат и ние почнуваме да доживуваме нешто што се нарекува истоштеност на матичните клетки.

Сите овие резултати ни укажуваат дека можеби еден од факторите кои ни го ограничуваат нашиот животен век е базенот од матичните клетки кои полека изумираат и со тоа ние ја губиме способноста за регенерирање на ткивата. Овие резултати исто така ни даваат надеж дека еден ден, можеби ќе може да се забави процесот на стареењето така што ќе се најде начин да се обновуваат матичните клетки надвор од телото.

„Доколку земам сега еден примерок и си го дадам на себе кога ќе бидам многу постара, повторно ќе имам подолги теломери – но, ова можеби би успеало само со крвта, не и со другите ткива,“ вели водечкиот автор на оваа студија.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар