Алкохолот не може да ве направи попаметни, но може да ви помогне да научите нов јазик

Алкохолот не може да ве направи попаметни, но може да ви помогне да научите нов јазик

Можеби имате неколку пријатели кои тврдат дека учат или работат подобро кога се малку поднапиени. На почетокот не сте им верувале, но крајните резултати покажале дека тие навистина успешно ги завршуваат обврските со чашка алкохол покрај себе. Фактот што пијан човек може да биде попродуктивен звучи малку контрадикторно, се согласувате? Но, сигурно сте се запрашале дали пиењето алкохол може да ве направи попаметни.

Алкохолот не може да ве направи попаметни, но може да ви помогне да научите нов јазик

Тајната се крие во умереноста. Најновите истражувања докажале дека малата количина алкохол може да ви помогне да усовршите нов странски јазик. Истражувачите од Универзитетот во Ливерпул проучувале 50 Германци кои неодамна почнале со учење холандски и на половина од нив им дале алкохол, а останатите останале трезни. Имајте предвид дека количината на алкохол била минимална, односно лименка пиво со 5% алкохол. Со други зборови, Германците не се опијаниле. Потоа, побарале од нив да зборуваат холандски.

Кога алкохолот почнал да дејствува и двете групи почнале да зборуваат холандски, јасно било кому му било полесно да зборува нов јазик. Оние кои пиеле алкохол многу подобро го зборувале ново научениот јазик, особено во однос на изговорот. Освен тоа, тие не само што подобро го зборувале јазикот, туку и притоа се чувствувале посамоуверени за разлика од останатите.

Пред да потрчате до продавница и да си купите гајба пиво за да научите јапонски, да разјасниме како точно им помогнал алкохолот на овие испитаници. Алкохолот ги намалил нивните инхибиции. Сигурно сте чуле и порано дека пиењето алкохол ги намалува инхибициите и ве предизвикува да правите работи што инаку не би ги направиле. Епа, оваа идеја е двонасочна улица. Луѓето од истражувањето кои испиле алкохол се чувствувале послободни за разлика од оние кои не испиле. Тоа им дало храброст да зборуваат посамоуверено на немајчин јазик што им го подобрило изговорот.

И покрај тоа, научниците кои го спровеле истражувањето не се осмелуваат да потврдат дека алкохолот нѐ прави подобри.

„Мора да бидеме внимателни со импликациите на овие резултати, додека не дознаеме што точно ги предизвикало. Една од можностите е тоа што алкохолот ја намалува анксиозноста. Но, потребно е да се спроведат уште истражувања за да се испита ова“, изјавила Џесика Вертман, една од истражувачите.

Алкохолот не може да ве направи попаметни, но може да ви помогне да научите нов јазик

Нејзиниот колега, доктор Фриц Ренер, исто така посочува дека не треба да ги земаме резултатите здраво за готово.

„Многу е важно да се нагласи дека учесниците во истражувањето консумираа мала доза на алкохол. Консумирањето поголема количина алкохол не би имало позитивно влијание на изговорот при зборувањето странски јазик“, објаснил тој.

Тоа значи дека ќе можете да ги почувствувате придобивките од намалените инхибиции само доколку не сте премногу опијанети.

Ова не е единственото истражување што открило дека алкохолот може да има позитивно влијание на луѓето. На пример, едно истражување покажало дека пиењето алкохол ја зголемува импулсивноста, што може да биде од голема корист за време на правењето тестови или која било друга активност каде што треба да му верувате на вашиот инстинкт. И во ова истражување од клучна важност е умереноста.

Друго истражување покажало дека алкохолот може да ја зголеми креативноста и способноста за решавање проблеми. Поднапиените поединци можат да ги решат критичните проблеми за пократко време и на попаметен начин.

Постои јасна врска помеѓу сите овие истражувања и придобивки што можете да ги добиете од умереното пиење алкохол. Намалените инхибиции, зголемената креативност и зголемената импулсивност можат да ви помогнат да се чувствувате поопуштени кога пиете и очигледно е дека можете да извлечете некаква корист од сето тоа. На здравје!

Алкохолот навистина нуди големи придобивки, доколку се консумира во умерени количини. Ако не сте убедени во тоа, прочитајте ги следниве 5 причини зошто секој ден треба да пиете ракија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар