Ако се пронајдете во овие 7 нешта, тогаш можеби природно сте гениј

Ако се пронајдете во овие 7 нешта, тогаш можеби природно сте гениј

Дали знаевте дека можеби навистина сте гениј? Дури и ако не се сметате себеси за супериорно интелигентни, може да поседувате одредени карактеристики кои ги делат луѓето со висок коефициент на интелигенција. Според психолошките студии, генијалците имаат неколку заеднички особини, навики и однесувања. Ако некои од овие 7 карактеристики кои следуваат во продолжение се однесуваат на вас, тогаш можеби сте многу попаметни отколку што мислевте.

Ако се пронајдете во овие 7 нешта, тогаш можеби природно сте гениј

1. Љубопитни сте за сѐ

Дали постојано се информирате за различни теми или често барате одговори на прашања кои ви се вртат во главата, на интернет? Дали правите мали експерименти за да видите што ќе се случи, дури и кога станува збор за мали работи како мешање и додавање состојки во некој рецепт? Генијалците се природно љубопитни личности. Тие постојано формулираат прашања и потоа се обидуваат да ги пронајдат одговорите.

2. Разговарате со самите себеси

Ако честопати ве забележуваат дека си зборувате со самите себеси, не грижете се, тоа можеби е знак дека сте гениј. Кога вашиот ум постојано работи, често се среќавате со проблеми, дијалози и идеи кои мора поединечно да ги разработите. Колку што е покомплициран процесот, толку е поверојатно да почнете да разговарате со себе.

3. Постојано читате

Многу луѓе го сакаат читањето, но генијалците се скоро опседнати со тоа. Некои од нив се фокусираат на еден жанр, како на пример научна фантастика или трилер. Други сакаат да располагаат со поширок спектар на теми, вклучувајќи ги и фиктивните и реалните приказни. Независно што читате, ако вашите полици за книги се полни или постојано барате нови книги на интернет, тогаш се вбројувате во генијалците.

4. Обожавате да го предизвикувате својот интелект

Дали ги сакате логичките игри, игрите со зборови, квизовите и загатките кои го тестираат вашиот мозок? Многу генијалци решаваат содоку или крстозбор исто толку импулсивно и по навика како што некои луѓе го проверуваат својот профил на Фејсбук.

5. Често заборавате

Високо интелигентните луѓе ги оптоваруваат своите мисли со многу комплицирани и тешки работи. Тие се преокупирани со разни проекти и идеи. Како резултат на ова, тие ги забораваат едноставните и секојдневните задачи како што се закажаните средби или изгубените клучеви. Затоа, немојте да се грижите кога нареден пат ќе влезете во собата и ќе заборавите зошто воопшто сте влегле. Тоа е знак дека сте гениј.

6. Сте имале потешко минато

Сите сме читале за трауматичните детства на генијалците и начините на кои тие се обидуваат да се справат или помират со тоа, како што се алкохолот и дрогата. Тоа не е само сценариски трик за да се долови приказната или карактерот на ликот. Нема да биде потребно многу време за да се направи листа на музичари, писатели, уметници, научници и други креативни генијалци кои се соочиле со зависноста. Очигледно, ова е сосема нездраво и непотребно и по секоја цена треба да се избегнува, бидејќи така само можете да направите поголема штета, како на својот мозок така и на организмот во целост. Но, ако сте имале некои минати експериментирања, знајте дека тоа не е невообичаено за генијалните умови.

7. Премногу размислувате и се грижите за работите

Мислите дека сите генијалци се полни со самодоверба. Сепак се генијалци. Но, вистината е сосема поинаква и вели дека генијалците навидум изгледаат сигурни во себе, но кога се сами, тие се полни со сомнеж. Тие знаат дека не постојат само црно-бели одговори и дека вистината и знаењето континуирано еволуираат и се прошируваат. Како последица на тоа, тие се чувствуваат неспособно и понекогаш се сомневаат во себе и своите избори и одлуки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар