Ако немате пријател, изнајмете го!

Животот е полесен кога сте опкружени со пријатели, со кои можете да споделите и добро и лошо. Но, некои од нас ја немаат таа среќа. Заради преголем работен ангажман или премногу домашни обврски, немаат време да стекнат нови пријателства или да ги одржуваат старите. За овие случаи, Јапонија веќе има решение. Осамените Јапонци сега можат да си платат некој да им глуми пријател за еден ден. Сè што треба е да се обратат до агенцијата „Client Partners“ и да побараат лице со кое ќе отидат во кино, диско…

Ако немате пријател, изнајмете го!

Колку и да звучи тажно, сепак, е реално и практично. Пример за тоа е 25-годишниот Kouichi (псевдонимот под кој е регистриран во агенцијата). Тој минатото лето одлучил да ги искористи услугите на компанијата, па изнајмил две девојки да му прават друштво во диско клуб. За дружбата платил 341 американски долари. Kouichi вели дека цената на услугата е висока, но и дека вреди.

„Постои тоа чувство на сигурност, кога некој безусловно ќе ве прифати“, изјавил Kouichi, додавајќи дека е подобро да платите за лажни пријатели, отколку вистинските да ве одбијат.

Се согласувате ли и вие со неговата теза? :)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Минималист ;)

Поврзани содржини

  1. М Reply

    Леле луѓево се по забегани стануваат. :/// Жално.

Остави коментар