Ако имате вакви личности крај себе, тогаш сте меѓу најсреќните луѓе на оваа планета

Ако имате вакви личности крај себе, тогаш сте меѓу најсреќните луѓе на оваа планета

Постојат луѓе чија животна мисија е да шират радост, спонтаност – каде и да се појават, тие се како сонцето на ведро пролетно небо. Овие личности едноставно никого не оставаат рамнодушен. Тие како да се составени од елементите на насмевките и игрите, донесени од некој подобар свет со цел да сеат среќа околу себе.

Ако имате вакви личности крај себе, тогаш сте меѓу најсреќните луѓе на оваа планета

Кога се движат покрај нас, како со целото нивно битие да одекнува ѕвонот на нивната насмевка и радост која го наоѓа своето место во нашата душа. Тие се сериозни како возрасни и истовремено безгрижни како мали деца. Токму во својата радост пронаоѓаат и сила. Како за себе, така и за другите. На овие луѓе проблемите и грижите не им оставаат траги на нивното лице, бидејќи ведрината е нивното животно мото.

Затоа и неретко посакуваме да сме како нив. Или барем да им бидеме добри пријатели, бидејќи така ќе можеме да се напојуваме од изворите на нивната безгрижност. И тие се единствените кои ќе бидат навистина одушевени од нашето постоење, без разлика какви личности сме. Без разлика на кој пат во животот се движиме…

Кај нив, не можете да издвоите само еден квалитет како најважен. Тие едноставно сè што поседуваат, без разлика дали е добро или лошо, води кон позитивност бидејќи знаат како најдобро да го искористат. Со самото одушевување со кое чекорат низ животот, тие создаваат радост, некоја внатрешна ведрина која е едноставно заразна. Како во нив да се натпреваруваат одушевувањето и радоста – кое повеќе ќе дојде до израз.

Ако имате вакви личности крај себе, бидете благодарни и не заборавајте да им го покажете тоа бидејќи сте помеѓу ретките на оваа планета. Уживајте во нивното присуство и не дозволувајте си да ги изгубите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар