95% од луѓето не можат да ги решат овие 5 детски загатки

Децата го гледаат светот на поинаков начин за разлика од возрасните. Како инаку би можеле да го објасниме фактот што постојат некои загатки кои децата ги решаваат со леснотија, додека, пак, за возрасните претставуваат мистерија?! Разбудете го мозокот и обидете се да ги решите следниве 5 детски загатки…

1. Шах играчи

95% од луѓето не можат да ги решат овие 5 детски загатки

Двајца луѓе играле шах. Според резултатите од 5 одиграни игри, секој играч имал по 3 победи. Како е тоа можно?

  • Одговор

    Ова може да се случи само под еден услов: Ако не играле еден против друг.

2. Колку тежи циглата?

95% од луѓето не можат да ги решат овие 5 детски загатки

Една цигла тежи 1 килограм плус половина цигла. Пресметајте ја тежината на циглата.

  • Одговор

    За да ја решите оваа задача, најдобро е да напишете равенка. Означете ја тежината на циглата со х килограми:

    х = 1 + 0,5 * х
    х — 0,5 * х = 1
    0,5 * х = 1
    х = 2

    Тоа значи дека една цигла тежи 2 килограми.

3. Тест за интелигенција

95% од луѓето не можат да ги решат овие 5 детски загатки

Шише вода и чоколадо чинат 11 долари. Чоколадото чини 10 долари повеќе од водата. Колку чини водата?

  • Одговор

    Оваа загатка можете да ја решите на памет или со помош на равенка. Ако шишето чини х долари, тогаш:

    х + х + 10 = 11
    2х = 1
    х = 0,5

    Тоа значи дека шишето вода чини 0,5 долари, а чоколадото чини 10,50 долари.

4. Буквата што недостасува

95% од луѓето не можат да ги решат овие 5 детски загатки

Можете да погодите која буква недостасува во низата?

  • Одговор

    Станува збор за низа од почетните букви на деновите од неделата на англиски јазик (Monday, Tuesday, Wednesday…). Тоа значи дека буквата што недостасува е „Т“.

5. Маица со дупки

95% од луѓето не можат да ги решат овие 5 детски загатки

Колку дупки има маицата? Се верува дека само 17% од луѓето можат да го дадат точниот одговор на ова прашање. Внимавајте: Не се две!

  • Одговор

    Оваа задача има два точни одговора.

    • Маицата има 4 дупки, затоа што преку нив можеме да ја видиме позадината, што значи дека ги има од двете страни.
    • Има вкупно 8 дупки ако ги броиме и дупките за ракавите, вратот и телото.

Доколку ви се допаднаа овие задачи, обидете се да ги решите и следниве интересни детски загатки кои можат да ги збунат дури и зрелите возрасни.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар