9.11.13? Денес славиме Непарен ден, кој се случува 5 пати во 100 години

Денешниот датум 9.11.13 е редок математички феномен кој се случува вкупно 5 пати на секои 100 години.

Денес е последниот пат во 21 век, денот, месецот и годината да се состојат од последователни непарни броеви. За многу луѓе, ова ќе биде последниот „Непарен ден“ во нивните животи. Следниот Непарен ден ќе се случи за 92 години.9.11.13? Денес славиме Непарен ден, кој се случува 5 пати во 100 годиниОвој т.н. „Непарен ден“ не се состои само од три последователни непарни броеви, туку тие мора да бидат наредени од најмалиот кон најголемиот непарен број, при што разликата помеѓу секој од нив да биде 2. Ова значи дека првиот непарен број во овој век бил 1 март 2005 година (01.03.05), следниот непарен број е на 3 мај 2007 година (03.05.07), потоа 5 јули 2009 година (05.07.09) и 7 септември 2011 година (07.09.11).

Американските математичари направиле и веб-сајт во чест на овој ден и дури подаруваат 911.13 долари на оние кои ќе смислат најоткачена идеја за поминување на овој ден.9.11.13? Денес славиме Непарен ден, кој се случува 5 пати во 100 годиниРон Гордон, пензиониран наставник по математика во училиштето Редвуд во Калифорнија, вели дека ваквиот ден ни дава причина за насмевка. Тој ги повикува луѓето ширум светот да направат нешто необично денес (идеи на сликата), а вели дека наједноставниот начин да го прославите овој ден е да му раскажете на ваш пријател за денешниот специјален датум, кој потоа ќе ја пренесе веста на некој друг.

Овие денови се како календарски комети – ги чекате, ви го разубавуваат денот и одеднаш исчезнуваат – вели тој. Овој ден е како тајна која не можете да ја сокриете. Малку математика, малку насмевка, малку забава, тоа е Непарниот ден.“

Нумеролозите тврдат дека непарниот ден има посебно значење и дека на многу луѓе овој викенд ќе им донесе коренити промени во животот.

Нумерологот Соња Дуси вели: „Ова е моќен датум. Ова е добар ден за размислување и носење одлуки, а значењето на овие 3 последователни непарни броеви, е дека тие можат да нè направат поотворени за нови идеи“.

Астрологот на „Daily Mail“, Џонатан Кејнер, вели дека броевите немаат големо значење од астролошка гледна точка, но притоа додал: „Календарот ни дава серија од бројки кои нè тераат да застанеме и да размислиме. Така што, овој ден може да се интерпретира како потенцијален ден за позитивна промена во нашите животи.“

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар