91-годишна жена решила да патува и да ужива во животот наместо да се лекува од рак

Единствениот начин вистински да живеете е никогаш да не престанете да истражувате и секогаш да го цените сегашниот момент. Деведесетгодишната Норма Џин Бауершмит е одличен пример дека патувањето со вашите сакани е најдобриот лек во светот. Норма е силна жена на која откако во јули 2015 година ѝ бил дијагностициран рак на матката, ја одбила хемотерапијата и негата во дом за стари лица и избрала трета опција: Да патува со нејзиниот син и неговата сопруга.

Го слави животот: Оваа 91-годишна жена реши да патува наместо да се лекува од рак

Во август 2015 година, тие тргнале од нивниот дом во североисточниот дел на Мичиген и се упатиле кон исток. Нивните први дестинации биле Зелената џиновска статуа во Минесота и планината Рашмор. Синот на Норма, Тим, и неговата сопруга, Рејми, ги сочувале сите моменти од патувањето и топлите насмевки на Норма на нивната Фејсбук страница наречена Возењето на госпоѓа Норма (Driving Miss Norma). На патниците им станало очигледно дека она што започнало како едноставно „патување“, наскоро се претворило во епска авантура со смисла и цел.

На годишнината од нивното патување, Тим и Рејми се потсетиле на впечатоците и на тоа колку ова патување било значајно за нив, особено за Норма.

„Ние патувавме речиси 21.000 километри и спиевме на 75 различни локации во 32 држави. Ја славевме 100-годишнината на службата на Националниот парк, со посета на неколку национални паркови, знаменитости и места за рекреација, од крајбрежје до крајбрежје и од север до југ .“

Тие зборуваат за многуте први искуства на Норма, вклучувајќи и некои големи работи како што е возењето во балон со топол воздух или јавање на коњ, па и на мали нешта како што е педикир, вкусување пита од лимон, остриги или пак пржени зелени домати.

Во текот на изминатите 12 месеци, илјадници семејства и граѓани во САД ги отвориле своите срца и домови за Норма и нејзиното семејство, затоа што тие ги научиле колку може да биде прекрасен човечкиот дух. Не е ни чудно зошто секогаш на прашањето која е нејзината омилена локација од патувањето, Норма одговарала: „Токму овде!“ Таа сакала да го направи сегашниот момент најдобар што може да биде.

Го слави животот: Оваа 91-годишна жена реши да патува наместо да се лекува од рак

За жал, Норма починала на 30 септември оваа година, на 91-годишна возраст, но нејзиниот живот, нејзината храброст и авантуристички дух живеат преку приказната која таа ја сподели со сите нас. Погледнете ја галеријата која ќе ви покаже дел од моментите кои оваа храбра и енергична жена ги доживеала на своето патување.

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар