9 женски физички карактеристики по кои мажите полудуваат - Part 2

9 женски физички карактеристики по кои мажите полудуваат

5. Долги раце

9 женски физички карактеристики по кои мажите полудуваат

Ова е физичка карактеристика која или ја имате или ја немате. Но интересно е што мажите повеќе сакаат долги раце отколку долги нозе. Во едно истражување група мажи гледале видеа од 96 жени на возраст од 20 и 49 години. По гледањето на видеото биле замолени да ги оценат жените. Резултатите покажале дека жените со долги раце секогаш добивале повисоки оценки. И големината на колковите се покажала како важна, заедно со тежината и возраста. Истовремено должината на нивните нозе, за која жените мислат дека е навистина важна, немала влијание на оценката.

6. Висок глас

9 женски физички карактеристики по кои мажите полудуваат

Истражувањата покажале дека мажите сакаат жени со повисок глас бидејќи им звучи помладо и поженствено, а покажува и високо ниво на естроген. Покрај тоа високиот глас укажува на помало тело, додека подлабокиот глас е поврзан со мажественоста. Ова значи дека жените обично сакаат мажи со ваков глас. Научниците истакнале дека тонот на звуците прави разлика во животинскиот свет. Длабокото ржење обично значи огромно животно, додека високите тонови укажуваат на нешто мало и беспомошно. Можеби и поради ова мажите повеќе сакаат високи гласови.

7. Извивање на грбот

9 женски физички карактеристики по кои мажите полудуваат

Не е тајна дека мажите сакаат заоблена женска фигура. Но, кога подобро ќе се разгледа прашањето, ќе сфатите дека не е сè толку едноставно. Облините кои се привлечни се оние поради одредено извивање на половината, а не облините од вишок килограми. Во едно истражување се покажало дека мажите најмногу ги привлекувало извивањето од 45 степени. Исто така се покажало дека големината на задникот не е важна колку самото извивање. Впрочем, големината на задникот не е од никаква важност.

8. Црвена боја

9 женски физички карактеристики по кои мажите полудуваат

Во едно истражување се покажало дека машката реакција на црвената боја може да биде биолошки програмирана. Овој доказ е според фактот дека истото работи и во животинскиот свет, односно оваа боја ја означува подготвеноста за парење. Кај многу примати црвената боја ја зголемува привлечноста на мажјаците кон женките. Во 5 експерименти бил демонстриран истиот ефект и кај луѓето. Исто така се открило дека мажите не се ни свесни дека оваа боја влијае на нив.

9. Размер 7:10

9 женски физички карактеристики по кои мажите полудуваат

Еден од најпознатите физички атрибути на кои мажите обрнуваат внимание се широките колкови. Според научниците, мажите го преферираат размерот 7:10 на половината и колковите бидејќи сметаат дека е најдобар за раѓање. Ако размерот е помал може да укажува на компликации во породувањето, а ако е поголем може да укажува на проблеми со плодноста поради вишок килограми. Се разбира, мажите не разбираат или признаваат дека го бараат токму овој размер. Всушност, многу малку мажи сфаќаат дека потсвесно им даваат предност на жените кои можат да родат здраво дете. Истовремено не може да се отфрли улогата на инстинктите во овој процес бидејќи и тие се научно докажани.

Дознајте и кои се нештата што секогаш им се привлечни на жените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар