9 запрепастувачки работи кои може ги направи вашето тело

Дали знаете дека вашето тело може да ја предвиди иднината, да ви го спаси животот и да ве врати во минатото? Не верувате? Продолжете со читање.

9 запрепастувачки работи кои може ги направи вашето тело

1. Вашите болни зглобови се како временска прогноза

Болките во зглобовите не се само празни муабети. Според ортопедот Роберт Тајд, пред да настапи невреме, паѓа воздушниот притисок, нервите во зглобовите го регистрираат релативниот пораст на притисокот на течноста во зглобовите што доведува до чувство на болка. Можеби ќе чувствувате непријатна болка во зглобовите, но барем ќе знаете кога треба да излезете со чадор од дома.

2. Очите откриваат кога телото ви е преладено

Сите се тресеме кога ни студи, но ако сакате да знаете дали некој има сериозна прелада, погледнете му во очи. При силна хипотермија, крвните садови се стеснуваат заради заштеда на енергија. Тоа доведува до привремено намалување на видното поле, објаснува д-р Руп Ханср.

3. Вашето срце може да ја предвиди иднината

Истражувачите од три универзитети, два од САД и еден од Италија, спровеле едно интересно истражување. Тие им покажувале на испитаниците разни фотографии и ги проучувале нивните реакции. Некои фотографии биле емоционално неутрални, а други страшни. Научниците откриле дека работата на срцето се забрзува до 10 секунди пред испитаниците да видат некоја вознемирувачка фотографија. Срцето на некој начин предвидувало што ќе се случи. Слушајте го своето срце.

4. Вагината може да се возбуди пред мозокот

Едно истражување спроведено во Холандија покажало дека вагината станува навлажнета и спремна за сексуален однос пред жената да стане свесна дека е возбудена.

5. Зениците откриваат кога сте заљубени

Кога некој ве привлекува, вашите зеници се шират, тврдат научниците. Тоа не се случува само при заљубеност, туку во сите ситуации кога нешто ве усреќува.

6. Мирисот може да ве врати во минатото

Областа во мозокот која е задолжена за осетот за мирис, се наоѓа во рамките на делот задолжен за емоциите. Мирисите, сеќавањата и емоциите се толку испреплетени, што некој мирис кој ве потсетува на нешто што се случило одамна, може дури да ви предизвика солзи во очите, тврдат научниците од Универзитетот во Стокхолм.

7. Вашите очи можат да го предосетат доаѓањето на пролетта

Иако времето може да биде облачно, ладно и врнежливо, алергиите од кои почнуваат да нè печат и да ни солзат очите, може да бидат најава дека пролетта наскоро ќе пристигне. Бројот на честички од полен расте уште пред промената на времето, тврдат научниците. А алергичарите за жал, тоа добро го знаат.

8. Вашиот систем за варење може да ви даде натчовечки способности

Кога вашиот мозок е во состојба на возбуденост, се лачи адреналин, се засилува бројот на отчукувања на срцето, побрзо се диши и најважно, „се гаси“ системот за варење за да се овозможи мускулите да се стегнат повеќе од вообичаено. Затоа оправдано се вели дека мајката може да подигне автомобил ако види дека нејзиното дете е заглавено под него.

9. Мигрените можат да предвидат екстремни промени во температурата

Луѓето кои имаат мигрени се поосетливи на промените на температурата од многу топло во многу студено. Таквите промени создаваат хемиски дизбаланс во мозокот кој предизвикува мигрена. Затоа сите кои патат од овој проблем треба да остануваат во затворено кога температурите се екстремни.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар