9 видови жени на кои останатите потајно им љубоморат

9 видови жени на кои останатите потајно им љубоморат

Сакате да ги мразите, а истовремено сакате да бидете како нив. Ги прогонувате на социјалните мрежи, ги критикувате, а на крај ги имитирате. Постојат одредени видови жени на кои останатите може да им завидуваат. Вие може потајно да се споредувате со нив и никогаш да не признаете дека длабоко во себе чувствувате малку љубомора. Еве за кои жени станува збор.

9 видови жени на кои останатите потајно им љубоморат

1. Жени кои постојано се сингл

Овие жени можат да не бидат во љубовна врска долго време. Вие можеби си велите дека тие се независни и дека не можат да задржат ниту еден маж до нив, но вистината е дека секогаш можат да бидат во добри врски, но избираат да се забавуваат со повеќе момци околу нив.

2. Бунтовнички

Овие жени постојано патуваат и секогаш успеваат успешно да управуваат со својот буџет. Како утеха, вие можеби да си велите дека тие се неодговорни и трошат премногу пари и време, но сепак, вистината е дека тие ги живеат своите соништа, а длабоко во себе се прашувате кога вие би биле способни да ги посетите сите тие места и дали некогаш ќе успеете да сочувате доволно пари за тоа…

3. Жени кои флертуваат

Секогаш кога излегувате, овие видови жени привлекуваат момци без да прават ништо. Можеби ќе настојувате да се уверите себе дека тоа е така затоа што оставаат впечаток дека лесно може да се добијат, но вистината е дека тие се доста привлечни, а помеѓу нив вие се чувствувате изоставени и несакани.

9 видови жени на кои останатите потајно им љубоморат

4. Жени кои се добар пријател секому

Без разлика каде и да се наоѓаат, тие некако успеваат да бидат најзабавните и најшармантните личности во друштвото. Вие можете да се тешите дека тие имаат само површни односи, дека се досадни со нивните драматизирања и дека залудно го трошат времето со еден куп луѓе. Но, признајте дека се толку слатки и интересни, што секој би посакал да биде во нивно друштво.

5. Жени кои се популарни на социјалните мрежи

Тие секогаш добиваат стотици лајкови на нивните објави и целосно ги заслужуваат. Можеби ќе сметате дека и вие би биле способни да го направите истото, но едноставно не сте заинтересирани за тоа. Сепак, длабоко во себе вие сепак ќе си признаете дека тие живеат прекрасен живот, нивните слики се толку убави, а изгледаат неверојатно…

6. Жени кои одлично танцуваат

Тие танцуваат толку убаво што секој сака да игра со нив. Гледајќи ги, вие се тешите велејќи си дека момците танцуваат со нив само затоа што очекуваат нешто повеќе, а вам не ви е потребно тоа. Но, вистината која нема да ја признаете е дека вие им се восхитувате и се прашувате како толку умешно ги изведуваат движењата.

9 видови жени на кои останатите потајно им љубоморат

7. Зафатени жени

Секогаш кога сакате да излезете со нив за време на викендите, добивате одговор дека се зафатени, при што се чувствувате како губитник. Во овој момент сметате дека тие жени излегуваат со кој било зашто им е досадно и дека би требало да го поминат времето со вас, затоа што вие сте нивната најдобра пријателка. Но, длабоко во себе се прашувате зошто и вие до тогаш не сте направиле други планови и сфаќате дека сепак немате поголем круг пријатели…

8. Жени кои ја следат модата

Секогаш кога излегувате со нив, слушате коментари за тоа колку добро им прилега облеката, колку е убав нивниот накит и колку добро им стои новата фризура. Тие успеваат совршено да ги избираат своите комбинации. Како утеха вие можете да си зборувате дека овие жени се материјалисти, дека најмногу им се значајни коментарите од другите и дека вам не ве интересираат такви површни работи. Но, вистината е дека тие изгледаат неверојатно и се прашувате зошто и вие немате толку совршен вкус за облекување.

9. Жени кои имаат здрави навики

Тие сакаат природни сокови, одлични готвачи се и не ги привлекува брзата храна. Избираат да уживаат во она што им го нуди природата и имаат контрола врз своите потреби. Можеби ќе се тешите со тоа дека тие не знаат да живеат, постојано лишувајќи се од секојдневните задоволства, но, вистината е дека им се восхитувате како успеваат да се контролираат, па многупати се обидувате и вие да го направите тоа.

9 видови жени на кои останатите потајно им љубоморат


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар