9 совети и трикови за преживување опасни ситуации

Во животот може да се случи сè, па дури и работи кои се навистина опасни. За да бидете подготвени и за најнепредвидливите настани, погледнете ги овие правила за преживување кои можеби ќе ви го спасат животот.

1. Запалете оган од батерија од телефон

Ако се изгубите далеку од цивилизацијата, вашата „играчка“ нема да ви биде од корист. Освен ако не запалите оган од неа. Многу смартфони и таблети имаат литиумски (Li-ion) батерии. Ако прободете ваква батерија со нешто остро, се создава хемиска реакција која резултира со оган. Сè што треба да направите е да ги подготвите дрвата за огрев однапред.

2. Избегајте од водна струја

Кога пливате во море, може да се соочите со овој опасен феномен кој може да се појави секаде. Ако се најдете во ваква ситуација, сигурно првото нешто на кое ќе помислите е да пливате кон брегот најбрзо што можете. Но, со ова само ќе се оддалечите од него. Во оваа ситуација не пливајте право кон брегот, движете се дијагонално или паралелно со него со цел да ѝ избегате на струјата. Овие струи не се широки, па можете да си го спасите животот.

3. Бегање од крокодил

Кога се движи право, крокодилот трча побрзо од човекот. Но, поради нивните кратки нозе и издолжено тело, кривините не им се силна страна. Поради ова тие нема да бркаат плен кој постојано им се губи од вид. Ако ве брка крокодил трчајте лево-десно за да избегате и држете се настрана од водните површини во околината.

4. Убод од медуза

Убодот на медузата може да предизвика нервен шок, алергиска реакција или симптоми на труење. Еве што да направите да ги избегнете непријатните последици:

1. Веднаш исчистете ја раната и отстранете ги пипките. За да избегнете нов убод, немојте да ги отстранувате со гола рака.

2. Измијте го болното место со солена вода. Никогаш немојте да користите слатка вода за ова, така ќе ги активирате клетките што напаѓаат.

3. За да ги отстраните токсините, нанесете јаболков оцет или алкохол.

4. Пијте многу вода и одете на лекар. Водата ќе ви помогне побрзо да оздравите, а лекарот ќе ви ги препише потребните лекови.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар