9 сосема обични и секојдневни нешта што ги ужасуваат луѓето кои мразат физички контакт

Сите ние познаваме барем еден пријател што постојано се обидува да избегне прегратки или бакнежи. Ако не знаете таков – тогаш можеби токму вие сте тој во вашето друштво! Како и да е, за сите останати луѓе, ова однесување може да биде многу чудно затоа што не знаат зошто таа личност не сака допири. Во продолжение погледнете ги најчестите ситуации што за оние кои не сакаат физички контакт се многу отежнати.

9 сосема обични и секојдневни нешта што ги ужасуваат луѓето кои мразат физички контакт

1. Туѓи деца

Децата се цвеќињата во нивниот живот… сè додека ги набљудуваат од далеку. Тие ги обожаваат најмалите на блиските пријатели, но едноставно не сметаат дека е потребно преку прегратки да ја покажуваат нивната љубов. Единствените личности што тие ги прегрнуваат се нивните партнери и своите деца.

2. Лето

Летата имаат еден голем проблем – испотени тела на сите луѓе во околината! Скоро невозможно е да не допрете непозната личност со разголена облека и испотена кожа и како за беља, тие најмногу се „лепат“ до оние што мразат физички контакт.

3. Прегратки без причина

На овие личности им е многу тешко да разберат зошто мора да има прегратка при поздравувањето. За нив, мавтањето е нешто сосема прифатливо кога велат „Здраво“ или „Чао“.

4. Прегратки со причина

Тие неретко запаѓаат во непријатна ситуација кога непозната личност ќе се обиде да ги прегрне. Уште полошо, во овие ситуации нивното однесување се перципира како студено, иако тие во своето срце се многу топли и добри личности.

5. Масажи

Иако повеќето луѓе обожаваат масажи, оние што мразат физички контакти едноставно не можат да замислат да уживаат кога ги допира некоја сосема непозната личност… по целото нивно тело! Во нивните очи тоа е едноставно неприфатливо и неприродно.

6. Базени

Базенот е супа со луѓе. Моментот кога нивното лице ќе биде измиено со истата вода што измила нечии стапала ќе биде последен во нивниот живот.

7. Нови врски

Потребно им е време да се навикнат на нова личност во нивниот живот. Тие не се способни за инстантно отворање, но штом тоа се случи, тие ќе ја подарат сета нежност што ја чувствуваат во себе.

8. Стари пријатели

Тие имаат само една порака за старите пријатели: „Не нè допирајте додека ни зборувате!“ Тие се сосема способни да го следат разговорот и без постојано да бидат подудирани по рамената или рацете.

9. И најважно од сè…

Ако овие личности редовно ве прегрнуваат, тоа значи дека сте најважните и најсаканите личности во нивниот живот.

Па, во која група спаѓате вие? Дали сте оние што немаат проблем со допирот, или од оние што целосно би го избегнале? Пишете ни во коментарите подолу… Во меѓувреме, прочитајте ги и овие 5 причини зошто физичкиот допир е толку важен!


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар