9 ситуации во кои Кери Бредшо била во право во врска со љубовта

9 ситуации во кои Кери Бредшо била во право во врска со љубовта

Можеби сте ја сакале или пак не, но едно мора да признаете – за некои работи навистина била во право.

1-9-situacii-vo-koi-keri-bradsho-bila-vo-pravo-vo-vrska-so-ljubovta-www.kafepauza.mk_

1. „Можеби некои грешки се она што ја одредува нашата судбина“

Како би научите вредни животни лекции, ако никогаш не сте погрешиле? Некои ги учиме потешко, но на крајот, секоја лекција е вредна.

2. „Во врските, колку и да се добри, неизбежно мора да постојат компромиси.“

Не очекувајте квалитетна и здрава врска, доколку не можете да прифатите компромис. Таквите врски однапред се осудени на пропаст.

3. „Понекогаш мора да престанeте да размислувате толку многу. Ако се чувствувате добро, тоа е тоа. Само напред!“

Откажете се од постојаното планирање и предвидување во љубовта и едноставно препуштете се на врската. Така јасно ќе можете да видите дали вашиот однос ќе успее или не.

4. „Заљубена сум во него и преплашена сум дека ќе ме остави, бидејќи не сум совршена.“

Никој не е совршен, па така ниту тој. Ако е свесен за тоа, ќе ве сака поради она што сте, како и вие него. Ако не, тој не е оној кого го барате.

5. „Највозбудлива, најпредизвикувачка и најзначајна врска е онаa што ја имате со самите себе.“

Едноставно е: ако не се сакате себеси, нема да ве сакаат ниту другите.

2-9-situacii-vo-koi-keri-bredsho-bila-vo-pravo-vo-vrska-so-ljubovta-www.kafepauza.mk_

6. „После раскинувањето, градот станува пусто поле, преполно со емоционални мини. Мора да бидете премногу внимателни каде одите или ќе се распаднете на парчиња.“

Сите ние носиме болни спомени после раскинувањето, особено во првите недели. Најдобро би било да ги избегнувате местата на кои сте оделе заедно, но добрата вест е што постојат уште толку неоткриени нови места, кои сега може да ги откривате со пријателките, кои воедно и ќе знаат да ве утешат.

7. „Кога мажите прават храбри гестови, тогаш тоа е романтично. Кога истите тие гестови ќе ги направи жена, тогаш таа се смета за очајна или за психотична. “

Живееме според двоструки мерила.

8. „Мислев дека луѓето кои седат сами во кафуле со својот лаптоп се претенциозни позери. Сега знам дека тоа се луѓе кои неодамна започнале да живеат со некого.“

Сосема е нормално понекогаш да ви е потребно време само за себе, дури и ако лудо го сакате и сте на почетокот од заедничкиот живот. Во секоја квалитетна врска, освен заедничкото, важно е и соло времето.

9. „Не можете да престанете да бидете она што сте, бидејќи се плашите, зар не?“

Вие сте вие со причина. Криењето на своето „вистинско јас“ поради доброто на врската, е штета која ја нанесувате сами на себе.

3-9-situacii-vo-koi-keri-bradsho-bila-vo-pravo-vo-vrska-so-ljubovta-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар