9 ситници кои можат да ви откријат многу работи за луѓето

9 ситници кои можат да ви откријат многу работи за луѓето

Оние навидум безначајни карактерни особини и начини на однесување можат да ви откријат многу повеќе работи за луѓето отколку што мислите. Дали сте забележале како другите јадат пуканки или како се однесуваат за време на вечера? Доколку почнете да обрнувате внимание на ваквите ситници, ќе можете подобро да ги разберете луѓето околу вас. Прочитајте за кои 9 мали работи станува збор…

1. Начинот на кој се смеат и покажуваат емоции

9 ситници кои можат да ви откријат многу работи за луѓето

Кога некој се смее искрено, се појавуваат брчки околу усните и очите. Кога насмевката е лажна, се појавуваат брчки само околу усните. Кога личноста е преплавена со силни емоции, очите ѝ стануваат влажни и се собира повеќе плунка во устата поради што почесто мора да подголтнува. Доколку недостасува некоја од овие работи, веројатноста е дека чувствата не се толку искрени колку што сте мислеле.

2. Начинот на кој се поздравуваат со другите

9 ситници кои можат да ви откријат многу работи за луѓето

Силно и цврсто ракување е знак дека личноста е екстровертна и сака јасно да ги покажува своите емоции. Доколку некој ја става раката на вашето рамо кога ќе се сретнете, или навистина му се допаѓате или станува збор за вешт манипулатор. Доколку личноста ве фати за рака со двете раце, тогаш или сака да побара услуга од вас или треба да ви пренесе некоја порака.

3. Колку често го проверуваат телефонот

9 ситници кои можат да ви откријат многу работи за луѓето

Колку почесто една личност го проверува нејзиниот Фејсбук профил, имејл или се занимава на друг начин со телефонот, толку поголема е веројатноста дека се чувствува депресивно и бара некој вид на надворешна стимулација.

4. Начинот на кој прават селфи

9 ситници кои можат да ви откријат многу работи за луѓето

Луѓето кои ја држат камерата оздола кога прават селфи, обично имаат позитивен поглед кон работите што се случуваат околу нив. Луѓето кои се премногу сериозни и одговорни ретко им дозволуваат на другите да дознаат што прават преку социјалните мрежи и затоа се сликаат на начин кој нема да открие каде се наоѓаат. Од друга страна, пак, опсесијата со правење „дак фејс“ на сликите може да е знак дека личноста страда од преголема количина на нервоза и стрес.

5. Како се однесуваат за време на вечера

9 ситници кои можат да ви откријат многу работи за луѓето

Луѓето кои сечкаат сѐ што има во нивната чинија обично бараат долгорочни врски и се обидуваат да живеат по нивните планови. Од друга страна, пак, оние кои ги мешаат сите јадења во оброкот, без разлика за каков деликатес се работи, се личности со силен карактер. Тие преземаат голем број одговорности и ги реализираат сите нивни цели. Луѓето кои завршуваат со јадење за многу кратко време, можат да извршуваат повеќе задачи одеднаш. Сите ги почитуваат на работното место бидејќи квалитетно си ја вршат работата, не пропуштаат рокови и секогаш однапред размислуваат за нештата. Луѓето кои јадат бавно живеат во сегашноста и знаат како да уживаат во животот.

6. За што разговараат

9 ситници кои можат да ви откријат многу работи за луѓето

Доколку личноста често го употребува зборот „јас“ додека раскажува некоја приказна, постои голема веројатност дека ја кажува вистината. Но, ако тој збор постојано го употребува, тоа е знак дека личноста е егоцентрична. За разлика од тоа, честата употреба на зборот „ние“ покажува дека личноста е целосно навлезена во животот на нејзиниот круг на пријатели. Интересно е тоа што како што стареат луѓето така помалку употребуваат глаголи во минато време, а почесто употребуваат глаголи во идно време.

7. Начинот на кој јадат пуканки

9 ситници кои можат да ви откријат многу работи за луѓето

Истражувањата покажале дека интровертите многу внимателно ја јадат секоја пуканка одделно. Екстровертите, пак, јадат повеќе пуканки одеднаш. Оние коишто брзо јадат цела порција пуканки одеднаш се помалку егоцентрични и секогаш ги ставаат туѓите интереси пред сопствените.

8. Какво кафе претпочитаат

9 ситници кои можат да ви откријат многу работи за луѓето

Лидерите претпочитаат еспресо, додека, пак, луѓето кои го следат водството на другите, обично нарачуваат дупло еспресо. Оние што пијат нескафе со млеко тешко донесуваат одлуки и имаат опуштен став кон сѐ што се случува. Луѓето кои се многу друштвени и креативни пијат капучино, а авантуристите сакаат фрапучино. Обичното црно кафе го нарачуваат луѓе кои се директни и кои ретко прават необични работи. Луѓето кои се отворени кон нови искуства обично додаваат шеќер и шлаг во кафето.

9. Во која насока гледаат додека пијат

9 ситници кои можат да ви откријат многу работи за луѓето

Луѓето кои зјапаат во длабочините на нивната шолја се многу внимателни и воопшто не летаат во облаци. Оние кои гледаат во врвот на нивната чаша додека пијат знаат да бидат премногу безгрижни и невнимателни поради што често паѓаат под туѓо влијание, но затоа, пак, се многу посвесни за светот околу нив. Доколку личноста ги затвора очите додека пие, можеби чувствува некаква болка и бара начин да се опушти.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар